Од:

Во Турција затруени со храна 731 војник

Поради труење со храна во воена база во Турција хоспотализирани се 731 војник, а 21 лице од компанијата што доставува храна во базата, се во притвор, изјави денеска обвинителот Акиф Челатин- Шимшек.

Тој наведе дека е покрената истрага врз основа на примероците што се земени од заболените војници, како и од храната и водата во воената база што се наоѓа во провинцијата Маниса.

Никој од заболените не е во критична состојба.

Турскиот министер за одбрана Фикри Исик, кој отпатува за Маниса, изјави дека турското Министерство за одбрана склучило договор за соработка со компанијата што ја доставува храната.



Comments are closed.