Од:

„Војдан Чернодрински“ по 52.пат

Со изведбата на претставата “Венецијанскиот трговец” од Вилијам Шекспир, а во изведба на Драмски театар од Скопје, синоќа, во Прилеп започна 52 издание на театарскиот фестивал “Водан Чернодрински”.

За отворен го прогласи новиот министер за култура, Роберт Алаѓозовски, кој најави дека Министерството за култура ќе продолжи да ја поддржува оваа врвна манифестација.

– За Македонија, фестивалот е особено важен бидејќи се презентира најдоброто од театрите, се вреднува домашната театарска продукција, а тој служи како платформа преку која театаарските работници се споредуваат, учат еден од друг и заедно ја градат театарската традиција и го развиваат овој важен сегмент на нашата уметност и култура. Министерството за култура ќе продолжи да го поддржува македонското драмско творештво како и Фестивалот, рече на отворањето министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

Истакна дека Министерството ќе инсистира уште понагласено да се истакне улогата и статусот на творецот и на уметникот без да се инструментализира уметничката слобода.

– Ни треба исчекор од театар кој се гуши во лажна помпезност, кој замижува пред неправдите, до театар кој е жив, модерен, слободен, гласен, европски, рече Алаѓозовски.

На свеченоста на отворањето, годинава наградата за животно дело му беше врачена на академик Митко Манџуков.

На годинашниот Фестивал, кој ќе трае до 16-ти јули, со учество на сите тетари од земјава ќе бидат прикажани 20 претстави од сите жанрови, а 12 од нив се во конкуренција за награди.