Од:

Војската го гаси пожарот на Макарска ривиера

фото: Макфакс

Туристи од три хотели на Макарската ривиера, „Јадран“, „Нептун“, „Тамарис“, и дел од жителите се евакуирани поради пожар во Горњи Тучепи, додека 300 пожарникари, 150 војници и четири канадери втор ден се обидуваат да ја изгаснат огнената стихија.

Проценуваат дека ќе биде исклучително тешко да се совлада пожарот во текот на денот, но истакнуваат дека нема повредени.

Владата соопшти дека е донесена одлука во тоа подрачје како помош да се испратат 150 припадници на хрватската армија.

Сообраќајот на државниот пат Макарска-Вргорац е затворен, а на Јадранската магистрала од Макарска до Тучепи се вози по една коловозна лента.



Comments are closed.