Од:

Вооружен инцидент во Руската безбедносна служба – тројца убиени

Три лица се убиени откако непознато лице пукало во зградата на руската Федерална служба за безбендост (ФСБ) во градот Хабаровск, објави агенцијата АП повикувајќи се на соопштението на ФСБ.

Меѓу убиените се агент на службата, еден посетител и напаѓачот, додека едно лице е рането, се вели во соопштението.

Исто така се истакнува дека напаѓачот успеал да помине низ детекторите за метал на вратите на зградата на ФСБ, по што пукал во холот.