Од:

Возило удри во пешаци на Тајм сквер во Њујорк, едно лице е загинато

Едно лице загина, а повредени се најмалку 12 откако кола удри во пешаци на тротоар на Тајм сквер во Њујорк.

Возилото беше црвена „хонда седан“,  а возачот бил отстранет. Телевизиските снимки покажаа полицајци како апсат човек во темна маица и го ставаат во полициски автомобил. Сведоците велат дека возачот возел во спротивна насока и кон тротоарот, удирајќи пешаци.

„Првично ова личи повеќе личи на несреќа со автомобил отколку на што било друго“, изјави портпаролот на њујоршката полиција за новинската агенција Франс прес.

Од друга страна пак телевизијата Ен Би Си јавува дека на терен се излезени и единиците за борба против тероризам и единици на ФБИ.