Од:

Врховен суд: СЈО да ги дополни списите за случајот „Талир“

Врховниот суд не може да постапува по барањето за заштита на законитоста поднесено од СЈО за случајот „Талир“ бидејќи барањето било некомплетно.

Од судот испратиле ургенција до СЈО за комплетирање на предметот, а од обвинителството одговараат дека во најкус можен рок ќе ги побараат одлуките од Кривичниот суд со кои беше одбиено нивното барање да се замрзне имотот на ВМРО-ДПМНЕ.

Јанева не поднесе обвинение за предметот „Талир“, но најави дека ќе ја продолжи истрагата за незаконското финансирање на партијата која десет години беше на власт.

Изминатите години ВМРО-ДПМНЕ се стекна со огромен имот и стана најбогата политичка партија во Европа.