Од:

ВТА Мастерс во Рим: Трета титула за Свитолина во 2017 година

Елина Свитолина го задржа максималниот ефект во финалните мечеви во 2017 година. Украинската тенисерка славеше и во своето трето во сезоната и по Дубаи и Истанбул заминува со трофеј и од силниот Мастерс во Рим.

Во битката за тронот ја порази Симона Халеп од Романија со 4:6, 7:5, 6:1 и уште се потврди дека се наоѓа во одлична форма на земја пред почетокот на Ролан Гарос.

Во машкото финале попладнево ќе играат Новак Ѓоковиќ и Германецот Александар Зверев.