Од:

ВТА Оукленд: Трофејот за Лора Дејвис

Лора Дејвис (23) е победничка на тенискиот турнир во Оукленд. До првиот ВТА трофеј во кариерата Американката стигна по победата во финалето против хрватската тинејџерка Ана Кохуњ (19) со 6:3, 6:1 за што ѝ беа потребни 71 минута.

„Чувството е извонредно, ми се чини нестварно. Неколку години чекав на овој момент. Двата пораза во финалните мечеви во минатата сезона беа обесхрабрувачки, фрустрирачки. Но, еве дочекав трета среќа“, изјави Дејвис која лани не успеа до трофеј во Вашингтон и во Квебек.

За успехот во Нов Зеланд, Дејвис заработи 43.000 долари и 280 ВТА поени додека поразот на 19 годишната девојка од Дубровник ѝ донесоа 21.400 долари и 180 поени.

ВТА Оукленд

Финале: Дејвис (САД) – Коњух (Хрватска) 6:3, 6:1