Од:

Вучиќ е подготвен за компромисно решение за Косово

Подготвен сум да учествувам во изнаоѓање на компромисно решение за Косово и Метохија, од кое ќе има незадоволни од двете наши земји, бидејќи само таква одлука може да биде компромисна, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, во интервју за српската телевизија “Пинк”.

-Ако воспоставиме оска на мирот и стабилноста на линијата “север-југ” меѓу Србите и Албанците, кои се двата најголеми народи на Западен Балкан, следните 100 години ќе ги решиме  80 проценти од нашите политички проблеми. Денес ние донесуваме одлуки не за нашето минато, туку  за нашата иднина, Вучиќ.

Тој рече дека е свесен дека одредени кругови во Србија нема да му простат за каков и да е компромис и тоа може да има лични и политички последици.

-Тука се поставува основното прашање дали ќе имаме доволно храброст да се погледнеме во очи и да кажеме дека тоа е реално, а тоа не е, и да имаме доволно храброст да кажеме дека не може да се стави нешто за што некој мисли дека така треба да биде, без при тоа да понуди сериозни аргументи. Треба да претставиме аргументите и да се дојде до решение, додаде Вучиќ.

Претходно, српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ за агенцијата Спутник изјави дека е добро што во јавноста е отворен дијалогот за Косово и што се слушаат различни идеи, алудирајќи на неговиот предлог за разграничување, на тоа што е српско, а што е албанско.

– Можеби сета оваа нервоза, која ја предизвика мојот предлог е и показател за тоа по кој пат треба да одиме и како да дојдеме до решение, со кое сите страни ќе бидат незадоволни, рече тој, додавајќи дека за планот ќе разговара со претседателот Вучиќ кога внатрешниот дијалог за Косово ќе стане институционализиран.