Од:

Вучиќ ќе се бори со својот најголем критичар во трката за претседател

Владата на Вучиќ не ја крие нетрпеливоста кон Јанковиќ. Тој ужива углед на борец против корупцијата и неправдите, но тие имаат моќ и пари.

Два дена по распишувањето на изборите во Србија, до Републичката изборна комисија се поднесени потписи за двајца кандидати, актуелниот премиер Александар Вучиќ, кого го кандидира владејачката коалиција, и досегашниот народен правобранител, Саша Јанковиќ, кој се смета за кандидат на проевропската граѓанска опозиција. Јанковиќ успеа да ги собере потребните потписи и заедно  со претставниците на Групата граѓани „За Србија без страв“ ја поднесе својата кандидатура.  Тој пред граѓаните рече дека е уверен дека ќе успее да ја врати смислата на институциите во државата.

Кој е Саша Јанковиќ

Роден е во 1970 година во Лозница. Дипломирал на Правниот факултет во Белград во 1996 година на отескот управно право. На факултетот за безбедност во Белград во 2005 година завршува специјалистчки студии за безбедност.

Од 1994  до 1997 година работи како новинар за агенцијата „Бета“ со ангажман на дескот за прашања од правен карактер, а подоцна и на позицијата помошник на дежурниот уредник и уредник на неделното издание на англиски јазик. Кариерата во институциитее ја започнува како стручен соработник во Министерството за младии  спорт. Во 2001 година станува помошник на сојузниот секретар за млади и спорт. Од 2003 година работи како национален правен советниик во Одделението за демократизација во мисијата на ОБСЕ во Белград. На функцијата Народен правобранител е избран во 2007 година, а во 2012 Собранието му го доверува вториот петгодишен мандат.

Неомилениот граѓанин на власта

Владата на Вучиќ не ја крие нетрпеливоста кон Јанковиќ која особено доаѓа до израз при неговата истрага за постапките на воените полицајци кои го придружуваат Андреа Вучич, синот на премиерот, во судирот со полицијаците за време на Парадата на гордоста во Белград во 2014 година, Тој отворено влезе во остра полемика со министерот за одбрана Братислав Гашиќ.

Колку повеќе Јанковиќ критикуваше постапки на владините функционери и премиерот и грешки на администрацијата, толку тие ја засилуваа кампањата против него во медиумите кои во голем број ги контролираат. Неколку пратеници на власта дури бараа и негова оставка поради тоа што не им се допаѓаше годишниот извештај за состојбата со граѓанските и човекови права којшто го подготува Јанковиќ тврдејќи дека бил политизиран.

Медиумите тогаш го напаѓаа Јанковиќ дека во 1993 година поседувал пиштол без дозвола кој бил употребен од негов пријател кој потоа се самоубил. Јанковиќ рече дека поседува дозвола која ја покажа издадена од Министерството за внатрешни работи и дека пиштоло бил наследен од татко му кој исто така го поседувал со дозвола.

Експертите за Јанковиќ велат дека изградил добра институција која е една од ретките во државата којашто функционира и работи во интерес на граѓаните. Институцијата, исто така, ужива голема доверба кај граѓаните, па дури и кај оние кои се симпатизери на неговиот противник – власта. Во српските медиуми веќе се пишува дека власта ќе употреби тешка и валкана кампања преку контролираните медиуми за да го оцрни Јанковиќ бидејќи овој избор на противкандидат не им е по ќеиф. Веќе има обиди да го обележат како партиски платеник.

„Повеќе јас се бавам со политика отколку тој. Тој само ја работи својата работа, а власта не е навикната некој да и противречи. Јанковиќ со своето делување остави впечаток на чесен и одговорен човек кој е посветен само на својата работа и тоа е човекот за кој јас би дал глас, вели академим Душан Теодоровиќ во интервју за „Блиц“.

Моќта е кај Вучиќ

Не сите веруваат дека Јанковиќ ќе успее во намерата имајќи ја во предвид машинеријата на пропаганда на Вучиќ, огромните средства и злоупотребата на државните институции во кампања за која сите се уверени дека Вучиќ нема да ја изостави.

„Се плашам дека кој и да биде предложен од опозицијаата ќе биде влечен во калта и однапред осуден да биде глинен гулаб“, вели социологот Ратко Божовиќ.

Јанковиќ ужива углед на чесен граѓанин и борец против корупцијата, но парите и моќта стојат на страната на човекот кој тој често го обвинува за корумпираност – Александар Вучиќ, актуелниот премиер.