Од:

За инает на Трамп, Азија подготвува нов трговски пакт без САД

Преговарачи од 16 азиски земји оваа недела се среќаваат во јапонскиот град Кобе за да разговараат за регионален трговски пакт кој се толкува како ривалска спогодба за Транспацифичко партнерство (ТПП) која неодамна ја отрфли американскиот претседател Доналд Трамп.

Кина не е дел од овој Пакт, но игра водечка улога во спогодбата Регинално сеопфатно економско партнерство (РЦЕП), за која од денеска до петок ќе се водат преговори, пренесува агенцијата АП.

Меѓу земјите преговарачи се и некои од најсиромашните азиски земји, како што се Лаос и Мјанмар, но и некои од најбогатите од овој регион. Меѓутоа, постигнувањето на консензуо околу царините, трговијата со услуги и рестрикцијата на инвестициите во клучните индустриски гранки, се покажа како исклучително тежок процес од започнувањето на преговорите во 2013 година.

Освен Јапонија и Кина, членки на РЦЕП се и Австралија, Брунеи, Камбоџа, Индија, Индонезија, Јужна Кореја, Лаос, Малезија, Мјанмар, Нов Зеланд, Филипини, Сингапур, Тајланд и Виетнам.

Откако го презеде претседателскиот мандат, Трамп се повлече од ТПП кој сега опфаќа 11 земји, од Чиле до Нов Зеланд. САД не се дел од иницијативата РЦЕП.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе и други лидери на земјите членки на ТПП се надеваат дека ќе го убедат Трамп да се откаже од отфрлањето на трговскиот пакт, кој беше во центарот на економската политика на претходната администрација на САД за азискиот регион.