Од:

За шпанските родители домашните задачи се штетни за учениците

“Штрајк на домашните задачи” е името на акцијата на шпанските родители на повик на Шпанската конфедерација на здруженијата на татковците и мајките на учениците која е активна во 12.000 шпански државни училишта. Во Шпанија има вкупно 18.000 државни училишта.

Штрајкот се однесува на учениците од 6 до 18 години.

Причина за штрајкот на родителите е “апсолутна вистина дека домашните задачи се штетни” и го спречуваат нормалниот развој на децата вон од стекнувањето на чисто академски знаења”, изјавува за агенцијата АФП Хозе Куис Пазос, претседател на Конфедерацијата.

Шпанија е на 5то место од вкупно 38 земји во однос на квантитетот на задачите кои треба да се работат по часовите.

“Ние не треба да ги учиме децата да учат напамет туку да ја менаџираат информацијата, да покажат критички дух и да направат разлика помеѓу добрата и лошата информација”.

Истовремено, големиот број домашни не значи дека децата се добро подготвени по математика, читање или научни предмети. Пиза извештајот им дава на шпанските ученици потпросечни оценки. Повторувањето на класот е двојно поголемо отколку во другите земји на ЕУ.

Од друга страна, во Финска или Јужна Кореја учениците имаат одлични резултати иако имаат далеку помало количество домашни задачи, односно 3 часа неделно наспроти 6,5 часа за Шпанците.

Според Пазос, “ние не треба да ги учиме децата да учат напамет туку да ја менаџираат информацијата, да покажат критички дух и да направат разлика помеѓу добрата и лошата информација”.