Од:

Заедничка платформа на Албанците,решенија или нова криза за Македонија

Автор: Џенис Сулимани

Сторијата е достапна на албански јазик на следниот линк.

Политичката платформа на ДУИ, коалицијата „Сојуз за Албанците” и коалицијата „Преродба со БЕСА” која се објави во медиумите предизвика широка дебата во јавноста, која до сега повеќе или помалку е дискутирана меѓу Албанците и Македонците. Од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ велат дека се уште не ја анализирале платформата со барањата на дел од албанските партии.

Дали ќе се пренасочи вниманието од злосторствата на претходната влада, кои се под истрага од страна на Специјалното јавно обвинителство? Дали барањата се поднесени против Македонците и дали се во прилог на воспоставување на мултиетничка држава? Колку Македонците се подготвени на преговарачка маса да разговараат за истите? Ова се дел од прашањата кои ги отвори платформата со барањата на албанските партии.

Новинарот Назим Рашиди, проценува дека договорот во принцип е акт на притисок кој доаѓа од граѓаните и можноста создадена од бројките, за прашањата поврзани со Албанците конечно да се заклучат.

„Ако се погледне внимателно барањата стремат кон еднаквост, едно константно барање на Албанците. Тоа што треба да се направи сега е да се зголеми притисокот врз албанските претставници да не паднат жртва на политички баналноста на секојдневието, како што гледаме, туку сериозно да одговорат на создадената можност. Од друга страна, сите ние треба да појасниме дека условите не загрозуват никого. Тие не се против Македонците и Македонија, но тие ќе придонесат за подобра Македонија за сите. Условите кои влијаат на Албанците, всушност, бараат подобра држава, професионални институции и спроведување на евроатлантски цели, сите овие одат подалеку од етничката припадност. Но, ќе повторам, сериозни и одговорни моменти бараат сериозна одговорност а не предизборна дебата каде доминират само обвиненија “, вели Рашиди за Порталб.

Тој укажува дека овој момент не е оправдување за било кое предходно лошо владение, но не го оправдува ниту еден политички субјект во иднина ако не го искористи правилно.

За политичкиот аналитичар Петар Арсовски, албанската политичка платформа не е нешто непознато. Но, според него, вистината е дека таа има цел да ги комплицираа преговорите и да привлече внимание од кризата која дојде со цел да се открие криминалот.

„Кризата сега прима национална или етничка димензија, и тоа не беше суштината на кризата. Сега останува да одлучат партиите. Груевски започна прв, да видиме дали ќе прифати да се зборува за овие прашања. Мислам дека темите на платформата треба да се фокусираат повеќе на владеењето на правото, повеќе од националните барања, бидејќи тоа е причината за кризата “, вели за Порталб Арсовски.

Универзитетски професор Мерсел Билал мисли дека во друга ситуација платформа ќе беше нешто природно, но тука имаме хендикеп на авторството.

„Ако тоа е нешто што не сте го направиле за 16 години, а сте требале да го направите за четири години, тогаш го губете кредибилитетот да правите платформа. Мислам дека платформата е направена со цел да се спречи Груевски да направи влада, но всушност тој ќе се храни со тоа. Можеби ќе беше повеќе нормално да се каже директно дека тој го изгубил кредибилитет да направи влада, а потоа со другиот партнер да работи на реформите, но не како кампањата, туку како секојдневен систем “, објасни Билали за Порталб.

Од ВМРО-ДПМНЕ изјавија дека ќе ја анализират платформата, додека СДСМ се уште ја очекува истата да и се достави за разгледување.

„Прво, треба да ја анализираме, а потоа ќе се изјасниме”, изјави кратко за Порталб , портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Иво Котевски.

„Платформата сеуште не е предадена кај нас, кога ке ја добиеме ќе се разгледа”, изјави портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.

Сепак, лидерот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во интервју за весникот Дневник вели дека политичарите и странските дипломати, преку создавање на заедничка платформа на албанските партии, создаваат атмосфера за тие да не можат да направат коалиција со неговата партија. Груевски вели дека двојазичноста не им треба на Албанците во Делчево и други области каде што тие не живеат.

Според него, Албанците повеќе имаат потреба од работни места, големи плати и повисок стандард. Сепак, еден ден пред претседателот Иванов да му го даде мандатот, најави дека ќе се обиде да формира влада, и го потсети ДУИ дека и членството на ВМРО-ДПМНЕ во 2008-ма година не сакало коалиција со партијата на Ахмети, но тие беа нивниот избор, бидејќи зад нив стоеше поголемиот дел од албанските гласачи.

„Ако сега ДУИ оди во коалиција со вториот, наместо со првиот, со тој што изгубил наместо со тој што победил, тоа ќе воспостави нова практика и традиција во Македонија на која ние секако ќе се прилагодиме, не само сега туку и во иднина “, вели тој.

Заканувајќи се индиректно кон Ахмети, Груевски за Дневник вели дека доколку ВМРО-ДПМНЕ како партија победник биде измамена од страна на ДУИ, многу брзо, ќе се врати на голема врата власт на голема врата. До сега, од македонските партии за платфмормата се изјаснија, „Левица” и ТМРО ЛПМ на Јанко Бачев.

Сторијата е во соработка помеѓу ПортАлб и НОВА.