Од:

Заев ја отфрли можноста Груевски да биде дел од широка коалиција

Лидерот на СДСМ Зоран Заев смета дека за никого на свет, па ни за него и неговата партија не е прифатливо Никола Груевски да биде дел од широка владина коалиција.

Тој ова го изјави во интервју за Ал Џaзира Бакланс, пред утрешната посета на еврокомесарот Јоханес Хан.

-Не може за никого на светот, па ни за нас да биде прифатливо човек кој бил носител на режим и кој ја предизвика кризата, кој прислушуваше десетици илјади граѓани, затвораше новинари, опозиционери и други невини луѓе, кој е осомничен за финансики криминал најголем во поновата историја на Македонија да биде решение за кризата.

Ние ги повикавме сите чесни граѓани, патриоти, нивни симпатизери да ја коментираат нашата програма. Тој треба да е подготвен да премине во опозиција. Зад себе имаме 67 пратеници, зад кои стојат 700.000 гласови. Сега следува само демократко предавање на власта и ништо друго, рече Заев.

Во врска со документот што го најави Груевски, што неговата партија би го подготвила како решение за кризата, Заев рече дека времето за каков било документ е веќе завршено.

-Само програмата на новата Влада е решение. Тој ќе се соочи со документи и докази за криминалите направени во негово време, но тоа е работа на независните инстиуции. Единствено решение е да дозволи мирен, демократски трансфер на власта, бидејќи со кочењето на пшроцесите ја турка Македонијанемило сценарио. Време е по 10 ипол години да бидат конструктивна опозиција со која сакаме да соработуваме, но само така можеме да ги туркаме процесите за граѓаните и иднината на нашата земја, рече Заев.

Дали постои страв од такво немило сценарио и кај него лично, Заев реше дека тоа веќе два месеци „виси“ над Македонија, но дека за конфикт се потребни двајца и оти дена да дозволат судир на народ со народ.

-Остануваме во институциите, треба да се формира нова влада и ВМРО ДПМНЕ да оди во опозиција, рече Заев.

Тој ја осуди вчерашната изјава на Груевски.

-Да се зборува дека Македонија ќе биде уништена затоа што тој нема да е на власт, тоа е далеку од здрав разум, рече Заев.

Во врска со закажувањето на седницата, прво за избор на претседател на Собранието, а потоа и за избор на нова Влада Заев рече дека иако барањата на претседателот Иванов се неразумни, тие сепак ќе ги следат демократските принципи и сите процеси ќе ги водат преку институциите.

На прашањето, дали програмата што неговата партија ја промовираше како програма на иднината Влада има поддршка од албанските партии, Заев рече дека таа произлегува од потребата на сите граѓани, од сите етнички заедници.

-Оваа програма покажува дека нема никаква тиранска платформа или какви било други платформи или документи, туку само програма на идната влада на РМ која е 100 проценти во  интерес на сите граѓани, го јакне уставното уредување и ги потврдува евроатлантските интеграции на земјата, изјави тој.

Во врска со тоа, дали има нешто спорно и противуставно во Платформата на албанските партии, Заев рече дека никој не ја спорел додека за неа преговарале од ВМРО ДПМНЕ.

-Кога не успејаа да формираат Влада и мандатот беше даден на втората партија со најмногу гласови, тогаш таа беше означена како проблем, рече Заев.