Од:

Заев: Нема да дозволиме да ја кутнат Македонија


Претседaтелот на СДСМ, Зоран Заев, денеска беше на средби со граѓаните на Кочилари, Виничани, Ногаевци и Водоврати.

Мали места, големи маки, вака жителите на Кочилари, во околината на Градско, го пречекаа претседателот на СДСМ, Зоран Заев кој денес го посети ова населено место со доминантно население од албанска етничка припадност.

-Гледај овде најмногу стари луѓе сме. Ни избега младината барајќи подобро, рече еден од жителите. Тие се пожалија на тешката економска состојба но и на тоа што државата не превзема нешто да им помогне.

-Јагнето испод цена го земаат. 130 денари за кило даваат, а пред неколку години од 190 нагоре беше, рече еден жител.

„Знам дека оваа наша Македонија пати од економские маки. Затоа и понудивме концепт за враќање на парите кај граѓаните и враќање на средната класа. Тоа се однесува за сите граѓани без разлика а вера и нација и затоа знам дека сите заедно се ќе избориме за промени“, рече Заев во обраќањето.

Жителите на ова мало место, повеќето Албанци, со пофални зборови за претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

„Имам пријатели Албанци од тука до Речица, нема ниту еден лош збор за Стево, само пофалби. Стево иде за претседател, сигурно иде“, рече еден од насобраните жители.

Во Ногаевци претседателот Заев го запрашаа како да се надмине маката на земјоделците.

„Јас сум човек што многу добро знае кои се маките на земјоделците. Сега сум пред вас да ве уверам дека знам и кои се решенијата, како да им олесниме на земјоделците, со пониски цени на репроматеријали, со зелена нафта и сигурен пласман. Затоа имам образ да ве убедам во нашиот концепт кој ќе биде за земјоделецот. Ќе бидам прв премиер во Република Македонија што директно работел земјоделие.“ рече Заев.

Жителите на Ногаевци се пожалија дека освен тешкиот живот ги мачи проблемот со водата поврзан и однесувањето на поединци блиски до власта.

-Песокот од Вардар го црпат и тоа само на едно место а имаат концеција за одржување на речното корито. Какво одржување, ова е запустување, ја кутнаа цела земја. Сега и водата во резервоарот е заматена и неиспитана дали може да се користи, рече еден жител.

„Забегаа од алчност за пари. Нема да дозволиме да ја кутнат Македонија. На 28-ми оваа забеганост ќе ја сопреме. Промените доаѓаат за доброто на сите нас“ рече порача Заев кој ја продолжува посетата.