Од:

Заев: Се што е во рамки на Уставот за нас е прифатливо

Претседателот на СДСМ Зоран Заев е уверен дека ќе се најде решение за политичката криза со моменталната комуникација што се води на релација со другите политички партии. Тој вели дека со широко поставени рамки и со концептот едно општетство тоа е можно. Сепак како што рече, не може да каже кога тоа ќе се случи, бидејќи се чека одлука од ДУИ.

-Синоќа дадоа одредено решение, го немам видено лично, но секако во најбрзо можно време ние веднаш ќе се изјасниме. Првата работа која ја гледаме при вакви договарања е Уставот и дали е во рамки на Уставот. Втора работа, дали е вистинска практична потреба на граѓаните. Да не биде само хир, да не биде само политизација, конечно да ги решиме овие работи за да може да продолжиме натаму, изјави Заев.

Во врска со прдлог законот за употреба на јазиците, Заев повотри дека за нив е „прифатливо што е во рамките на Уставот и сето она коешто претставува практична потреба на граѓаните од албанската заедница секако имајќи го во предвид и аспектот на потребата на граѓаните и од другите малцински заедници“.

– Тие две рамки уставно да биде издржано и одржливо и практична потреба на граѓаните сето тоа ја претставува рамката на разговорите и јас верувам дека ќе успееме да изнајдеме решение, рече тој.

На новинарско прашање, дали поради бавноста може да бидат во прашање локалните избори Заев рече дека тоа е причина повеќе за да се забрзаат одлуките на политичките субјекти кои разговараат, заради тоа што рокот за распишување на локални избори е 70 до 90 дена.

-Ако тие се во првата половина на мај, на 7-ми или 14-ти мај, тогаш роковите за распишување на избори се наближуваат, тоа е 4-ти март или веќе на крајот на февруари тие треба да се распишат, изјави Заев.