Од:

Заев: Уставот гарантира право за користење на јазиците на заедниците

Македонија треба да биде горда што Уставот “најшироко го гарантира правото за користење на јазиците на сите етнички заедници”, изјави вечерва во Прилеп претседателот на СДСМ Зоран Заев на првиот митинг на опозицијата на првиот ден од изборната кампања.

“Треба да сме горди што Уставот на Република Македонија најшироко го гарантира правото за користење на јазиците на сите етнички заедници. Нашиот Устав е либерален и европски по прашањата на јазиците. Тоа е така. И така ќе остане. Наметнувањето на она што реално не постои го прават оние што немаат никаква понуда за граѓаните и оние што се плашат од слободно искажаниот збор. Лагите повеќе не минуваат. Тие што крадат и што беснеат и што лажат – лагите завршуваат на 11 декември”, изјави Заев од говорницата во Прилеп одговарајќи на обвинувањата на власта дека Заев сака да воведе двојазичност во државата.

“Го започнуваме нашиот митинг во револуционерен град. Во Прилеп победуваме!”, порача Заев пред Прилепчани.

И го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на ТВ дуел:

“Груевски те повикувам на дуел. Да прифатиш дуел за да те прашам за сето тоа што не беше чесно да го објавам со “Вистината за Македонија”. Да те прашам, а не да се криеш. Десет години владееш. Како не ти е срам да бегаш од дуел. Зборуваш за демократија и транспаретност. Прифати дуел за да можеш да ме прашаш, а ама и јас и народот да те прашаме. Нема да прифати Груевски, ќе продолжи да бега но тоа нема да не спречи. Но, нема каде да оди. Сите здружени сплотени ќе го запреме. Ќе го запреме режимот!“, изјави Заев.

СДСМ ќе се залага за повисоки просечни плати од 500 евра, а ќе има повисоки субвенции за тутунот.

“Ќе ги насочиме сите пари кон граѓаните, ќе го вратиме секој денар од ДДВ кон граѓаните. Тие пари значат една детска соба, за радост на вашето дете, еден летен одмор за цело семејство. Институциите ќе работат само за граѓаните. Секој кој крадел од граѓаните ќе одговара, ќе одговара пред законот и украдените пари ќе им ги врати на граѓаните. Нашиот план е базиран на реалност ако сакаме Македонија да функционира. Вие знаете колку труд имаме вложено во нашиот план, бидејќи го правевеме заедно. Вие знаете дека не е бајка. Груевски не е ништо освен криминалец. Тој зад себе остави само криминал и корупција. Ги трошат народните пари за да се богатат. Народот е сведок за нивните криминални дела. Срам да им е. Ова злосторство никогаш нема да им го заборавиме. Македонија ќе доживее промени на 11 декември”,  нагласи лидерот на СДСМ.