Од:

Заев за ХРТ: Не очекувам насилства и судири

Лидерот на СДСМ, Зорав Заев во интервју за Хрватската државна телевизија (ХРТ) вели оти не верува дека ќе дојде до судири и крвопролевања во земјава и дека ако тоа требало да се случи ќе се случело порано.

– Тоа како страв постои и сите се плашиме од таа работа, но јас сум уверен дека нема да дојде до тоа. Ако требаше да дојде до тоа ќе се случеше многу порано. Со многу трпение, посветеност и внимателност, на зелена маса преку преговори дојдовме до тука… Во моментот, мојот политички опоненет поддржан од претседателот на државата, алудира на поделби, на федерализации, на уништување на унитарниот карактер на државата. Ако јавно ги нападнете граѓаните кои што се повеќе од 20 отсто во Македонија тие ќе се бранат и тогаш настануваат поделбите. Ако заедно ги сплотите луѓето, бидете единствени, тогаш државата е посилна. Нашиот концепт е „Едно општество за сите“, нивниот е „Македонија на Македонците“. Не, Македонија е на сите граѓани кои што живеат во Македонија. И оттука нашата улога сега е трпение, внимателност и претпазливост во се што правиме – вели Заев во интервјуто.

Извор: Мета

 



Comments are closed.