Од:

Загубено достоинство: Работнички маки и во конфекција и во инвестиција

„Во последно време имаме ограничувања на слободата колку пати смееш да извршиш физиолошки потреби. Не може кога сакате да одите,треба да прашате. За да одиш во веце“, ова е дел од сведоштвата на работнички во една од првите фабрики од странските инвеститори – „Џонсон Контрол“ во Штип. Додека државата исплаќа стотици милиони евра како помош за странските инвеститори плаќајќи ги придонесите за вработените, ослободувања од многу даноци и директна помош во пари, работниците не живеат во македонскиот инвеститорски рај.

НОВАТВ беше во Штип каде што разговаравме со работнички од „Џонсон Контролс“, како и работника од една текстилна конфекција. Ниски плати, мобинг, оневозможување на правото на боледување и низа други проблеми се дел од животите на овие жени. А жените на истокот, барем според државната статистика, носат на грб цели семејства и имаат поголемо учество во пазарот на труд од мажите.

Погледнете ја видео сторијата.