Од:

Започна аплицирањето за карти за Суперкупот во Скопје

УЕФА денеска на својот официјален веб сајт објави дека од 13. јуни, денес, до 4. јули ќе трае аплицирањето за билети за Суперкуп дуелот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајдет, кој ќе се одигра на Арената Филип Втори во Скопје.

Европската куќа на фудбалот објави и дека цените на билетите ќе се движат од 15 до 50 евра, а едно лице ќе може да аплицира за најмалку четири билети.

Доколку бројот на поднесените апликации го надмине бројот на билети во продажба, тогаш добитниците веројатно ќе бидат познати преку лотарија. Шансите за добивка ви се еднакви, без разлика дали аплицирате денес, или на последниот ден од рокот.

Апликација за билет можете да поднесете ТУКА, а повеќе информации можете да добиете на овој ЛИНК.

Денеска во 18. часот, УЕФА со претставниците на Реал и Манчестер, Емилио Бутрагено и Луис Саха, во Националната арена ќе ја најават организацијата на еден од најголемите клупски настани на кој домаќин е Македонија.