Од:

Започна фестивалот на улична уметност „Баскерфест“

Преку перформанси и атракции под отворено небо, улична уметност, музика во живо, претстави, пантомима, улични танци, креативни активности, ликовни изложби, работилници, во наредните 10 дена „Баскерфест“ ќе се претстави пред публиката.

Фестивалот започна со парада составена од сите учесници на фестивалот, Градскиот дувачки оркестар и од девојките од танцовиот клуб „Еурека“.

Фестивалот ќе трае до 25 јуни, при што на плоштадот Македонија на трите поставени сцени ќе се одвива програмата на фестивалот секојдневно од 19 до 23 часот.

Има и детско катче за најмалите, каде што децата може да се вклучат во различни забавни активности секојдневно од 18.30 до  20 часот, а музичката програма ќе биде застапена секој ден од 22 часот до 1 часот по полноќ.

 

Баскерфест се одржува веќе 12 години,  а од пред неколку години настапува и во другите градови низ Македонија.

На овогодинешниот „Баскерфест“ ќе настапат многу артисти кои доаѓаат од целиот свет, меѓу кои Мајсторот и Маргарита, Барбароса, Хозе Енрикес, господин и госпоѓа Бабл, Винил Брнс, Јаника Белиза и многу други.