Од:

Започна исплатата на земјоделските субвенции

Министерството за финансии започна со исплатата на субвенциите на земјоделците, откако во Службен весник е објавена одлуката на Уставниот суд со која ги отстрануваат законските пречки за исплата.

-Исплатени се 463 милиони денари субвенции во рамки на кои целосно се подмирени обврски за субвенции заклучно 2015 година, односно за фуражни култури, житарици, ориз, градинарство, овошни насади, лозови насади, говеда, несилки, млеко, органзко производство и рурален развој. Во рамки на исплатената сума се и 364 милиони денари субвенции за 2016 година за млеко и оризова арпа, сооштија од Министерството за финансии.