Од:

Започна изградба на улицата на кеј 13 Ноември, кафанџиите на протест

Почна изградбата на спорната сообраќајница која ќе го пресече шеталиштето на Кеј 13 Ноември. Градежници почнаа да ги вадат плочките од шеталиштето , а поставена е и заштитна ограда.

Кафанџиите од Кејот, изненадени што за време на викенд почнуваат градежни активности, добиле штури објаснувања за почетокот на градењето од работниците.

повик за протест

Сопствениците на кафулињата на Кејот се јавиле и во Општина Центар, но никој не одговарал на нивните повици.

„Се јавивме во Општина, бидејќи Андреј Жерновски лично ни вети дека додека е тој градоначалник, улицата нема да се гради, но таму никој не се јавува. Нема кој да ни објасни што се случува“, изјавиле кафанџиите за „СДК“.

Со договорот за градење на зградата на „Телеком“, инвеститорот „Дивелоп Груп“ имаше обврска да изгради подземна сообраќајница. Како и во сите случаи, откако се изгради објектот, испадна дека нема подземна сообраќајница, што претходно беше услов. Општина Центар, под раководство на Владимир Тодоровиќ и ВМРО-ДПМНЕ, го смени деталниот урбанистички план и подземената улицата стана надземна.



Comments are closed.