Од:

Започна конститутивната седница на Собранието

Започна конститутивната седница на Собранието на РМ на којашто ќе се верифицираат мандатите на новите пратеници. Во Собранието се сите, дури и оние пратеници кои никогаш не доаѓаат на работа, освен на верифицирање мандати. Некои се главни ѕвезди од истрагите на СЈО, други, пак, за прв пат стапнуваат во оваа институција како пратеници.

Погледнете ги фотографиите.

Никогаш опозиција, секогаш со власта – контроверзниот Амди Бајрам е речиси цела вечност во парламентот.

Поранешниот новинар Мухамед Зекири за прв влегува службено во Парламентот на РМ како пратеник од СДСМ

Никола Груевски, претеседател на ВМРО-ДПМНЕ. И тој, исто како и Зоран Заев од СДСМ, најави дека доколку формира влада ќе биде пак премиер. Тој е и обвинет и осомничен во повеќе истраги на СЈО.

Али Ахмети доаѓа само на конституирање на Парламентот. Тој е пратеник повеќе од деценија, но речиси никогаш не доаѓа на работа.