Од:

Започнува Брегзит

Дејвид Дејвис, британскиот секретар одговорен за Брегзит, денеска допатува во Брисел за да ги започне преговорите со Европската унија за специјалното партнерство кое сакаат Британците да го издејствуваат.

– Ова е повеќе за да не зближи а не да не подели, изјави Дејвис пред средбата со шефот за Брегзит на ЕУ, Мишел Барние.

Барние претходно во неколку наврати го критикуваше Обединетото Кралство дека му требало премногу време за да ги започне преговорите за мирен развод меѓу Велика Британија и ЕУ.

Според Берние, приоритет е да се расчистат нејаснотиите кои следеа по резултатите од референдумот.

Пред две недели, премиерката на Британија, Тереса Меј повика на избори со цел да ја зацврсти својата поизиција во преговорите, но наместо тоа, го загуби мнозинството во Парламентот.

Според двата табори, оваа прва средба на Дејвис и Барние е за смирување на атмосферата пред да почнат преговорите.

Референдумот Брегзит “успеа“ со 52 отсто од гласовите на Британците да излезат од ЕУ, и оттогаш постојано се ширеше стравот дека европското семејство е под закана од опстанок.

Сепак ентузијазмот се врати по победата на Емануел Макрон на претседателските избори во Франција, кој е За ЕУ а на тоа се израдува и Брисел.