Од:

Започнува вакцинацијата против сезонски грип

Од утре започнува вакцинацијата против сезонски грип.  Сите хронични болни, луѓето над 65 години, тие со намален имунитет, лицата кои се изложени на контакти со многу други лица, здравствени работници и за сите оние кои по своја желба сакаат да превенираат инфекција на грип, можат да се вакцинираат во просториите на Центарот за јавно здравје Скопје.
Од таму соопштуваат дека вакцинацијата ќе се одвива секој ден од осум до 18 часот, а за време на викенди до 14 часот. Граѓаните сами си ја плаќаат вакцината, а цената изнесува изнесува 400 денари.
Годинашната вакцината штити од три типа на вируси ( 2 А и 1 Б).