Од:

Земјотрес ги разбуди жителите на Скопје и околината

Земјотрес со јачина од 4.2 степени според Рихтеровата скала утрово ги разбуди жителите на Скопје и околината околу 4 часот.

Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на 15 километри источно од Скопје на длабочина од два километра.

Поточно епицентарот на земјотресот бил на 4 километри североисточно од Арачиново и 6 километри северно од Марино.

Земјотресот предизвика вознемиреност кај скопјани, и се почувствува и во повисоките згради како и во пониските објекти во главниот град.