Од:

Зголемената продажба ги зголеми приходите на Макпетрол

 

Во I Квартал од 2017 година МАКПЕТРОЛ АД Скопје прикажа  добивка пред оданочување во висина од 46,7 милиони денари, односно добивка по оданочување во висина од 43 милиони денари која е на нивото од минатата година кога за истиот извештаен период Друштвото оствари добивка во износ од 44,2 милиони денари.

Во овој период МАКПЕТРОЛ АД Скопје оствари вкупен приход во износ од 3,99 милијарди денари кој е поголем од минатогодишниот за 515 милиони денари или 14,8 и.п. Ваквото зголемување на приходите се должи на ефектот од зголемувањето на цените на дериватите во однос на истиот период од минатата година. Во истиот период остварени се вкупни расходи во висина од 3,94 милијарди денари што преставува зголемување во однос на минатата година за 499 милиони денари или 14,3 и.п. во што повторно најголем удел има зголемувањето на цените на дериватите во овој период.

Основни причини за прикажаната добивка се следниве:

1. Продажба на енергенси во малопродажбата, особено продажбата на светлите деривати на ниво од минатогодишната рекордна продажба и зголемување на прометот на останатиот малопродажен асортиман;

2. Трендот на пораст на прометот на малопродажните објекти и покрај ниските температури и блокадата на грчката граница во извештајниот период. Трендот на порастот по месеци е прикажан во следнава табела:

 

КОЛИЧЕСТВА ЗА ПЕРИОДОТ ЈАНУАРИ – МАРТ
МАЛОПРОДАЖБА во  тони
  2017 2016 Индекс
Деривати Јануари Февруари Март Вкупно   17/16
Бензини 3.224 3.371 3.968 10.563 10.807 98
Дизели 10.633 11.455 13.563 35.651 35.480 100
Бутан-пропан 256 226 236 718 682 105
Автоплин 980 1.106 1.308 3.394 3.330 102
Метан 8 10 12 30 25 120
Вкупно 15.101 16.168 19.087 50.356 50.324 100

 

  1. Зголемување на приходи од продажба на странски пазар за 51%;
  2. Зголемување на оперативната добивка за 55%;
  3. Намалување на  расходи од камати во однос на истиот период од минатата година за 29%  поради продолжување на трендот на намалување на кредитната задолженост на Друштвото спрема банките како и намалување на каматните стапки од страна на банките кредитори;

-Во периодот jануари – март 2017 година нема промени во сметководствените политики и во методите на вреднување на позициите во неревидираните финансиски извештаи на Друштвото.

-Билансната кредитната задолженост на Друштвото вo однос на состојбата со крајот I Квартал од минатата година е намалена за цели 347 милиони денари;

-Друштвото, за време на деловното работење во севкупниот извештаен период, во ниту еден момент не дошло во ситуација да има достасани, а ненамирени обврски по кој било основ (кредити, обврски спрема добавувачи, јавни давачки и плати на вработени);

-Остваренит финансискиот резултат е на ниво на планираниот.

Маркетинг текст