Од:

Жбогар: Време е да се избере спикер и да се формира Влада

– Време е земјата да се придвижи напред, да се формираат државните институции, да се избере спикерот на Собранието и да се формира Владата. Неопходно е единство и формирање на институциите во вашата земја, порача шефот на делегацијата на ЕУ Самуел Жбогар при денешната посета на општина Неготино во рамки на кампањата „ЕУ за тебе”, за подигнување на свеста за помошта што и ја дава Европската унија на Македонија.

Според него, време е сите во државата да ја научат лекцијата, да се формира единство и сите да бидат обединети кон една иста цел.

– Секогаш постои вистинско време за многу прашања. Имаше време кое беше одредено за избори и време кое беше оделено за дискуси и за дебати после изборите. Мислам дека е сега време да се постави потребата за формирање на институциите, рече Жбогар, коментирајќи ја актуелната политичка ситуација.