Од:

Желба на дете со дијабетес: Сакам да има современи мерачи и инсулини

Дванаесет годишната Миа Чичкариќ која има дијабетес има желба сите деца во државата да добијат сензорни мерачи кои ќе ги одморат малите детски прсти од безброј боцкања.  Зошто државата наместо современа терапија, се враќа чекор назад со застарени генерации инсулини?

За недостигот со инсулини, за сомнежот во нивниот квалитет, потребата од инсулински пумпи и современи инсулини, за регистар за лицата со дијабетес, во ПРОЦЕС говорат Јасмина Чичкариќ мајка на Миа и Бојан Киров претседател на Сојузот на здруженија на дијабетичари.