Од:

Жена- маж со брада и бујна коса

Не престанува забавата, секој ден од неделата може да се прогласи за пародија на деценијата. Барем кога е ДУИ во прашање, не им недостига свежина на идеите со кои со засилено темпо не поклопуваат.

Како со тенџере да не треснуваат, за да се движиме сите заедно со нив, како зашеметени, едни во други да се удираме, додека тие ги менуваат поклопците и диригираат со залутаната војска.

Ве молам, погледнете ја последната ингениозна идеја која не заплисна, тие, внимавајте- тие, а не некој друг, размислувале нивните министри да излезат од Владата со ВМРО.

По кој пат најавуваат ваков пресврт, ваква циркуска точка на трапез, каде жената-маж со брада и бујна коса се подготвува да помине низ пламените обрачи, на јен-два-три, сега.

Сепак, таа одбива да се покори на советите да се скроти со призакрпена коса во пунџа, како што и доликуваше на една другарка од маштапот на Јованка Броз. За да не и се лизне некој прамен во огнот кој во поетски транс ќе ја голтне, таа треба тоа да го стори, да ја присобере косата, но не, не е Ахмети и толку наивен во циркускиот егзибиционизам кој го разигра до екстремни граници за да остане со Груевски.

Низ “Тешкото” ДУИ и никогаш не биле подготвени да се протнат, да залутаат барем, да се охрабрат и макар низ врисок да поминат, тоа е таа партија која скоро цела деценија лешкареше и велеше дека страда од тортурата која ја приредуваше ВМРО, но, но.

Доприносот беше взаемен, можат колку што сакаат да креваат раменици, да се изземаат и преглумуваат со нивните “ох” и “ах”, да се движат низ сцената како покосени, ранети и нежни клукајдрвчиња, но не, сега повеќе никој од тоа ништо не верува.

Тие, а не некој друг во околината клукаа и ги изоструваа клуновите, само тие и тие ја водеа и губеа играта, битките можеби ги добиваа, но како што поминува времето, нивното време на храбри и лукави генерали полека се исцедува.

Има таму и пркосни, одважни, дрски генерали кои одбиваат да се согласат на пионската партија во која се втурнати, малку се на број, конечно Теута Арифи никогаш не се вклопувала во таа покорна атмосфера, иако понекогаш и била принудена да биде проголтана, во име на  мирот и бесата која била дадена во партијата.

Токму и затоа, заради султанскиот манир на оваа партија, сцената на устоличената ДУИ во албанскиот блок се разголува, тоа е сцена како во театар, за да бидат преместени други актери на нивното место, со студени потези и олеснување. Веројатно на следната актерска постава ќе се наметне Беса, партијата која слично како ДУИ, настапува со истата реторика, тоа е истиот наратив за големи, искрени желби за европеизација, демократија, слобода, итн., да не го трошиме залудно драгоценото време на набројување на се она што сме слушале низ годините од некои други партии, за истите идеали, соништа, кои прераснуваат во разочарувања.

Но, боже мој, тоа е политиката- гласачите секогаш даваат шанса и имаат надеж за нови, неупотребени актери, затоа што маратонот на наивните и невините конечно има и некаква цел.

Бели

Се додека не се потрошат сите актери, а тоа се разбира дека никогаш не се случува, дајте аплауз за новата партија во Србија и на лидерот Љубиша Прелетечавиќ Бели (вистинското име му е Лука Максимовиќ), кандидат за нов претседател во оваа земја, во слободно време комичар и обратно.

Се работи за млади и безобразно духовити луѓе кои сакаат само едно- да докажат дека политиката е губење време за идеалите и надежта. Потребно е да се исмеваме со политичарите, наместо тие тоа да го прават- со своите гласачи. Има една песна на Чарлс Буковски, одат вака неколку стихови:

Обнови се

и преобнови се

не пливај вечно во истата кашавица…

Насловот е исто така важен колку и се во оваа песна, а тој  наслов понекогаш треба да не удира во слепоочницата: “Без лидери, ве молам”.