Од:

ЗНМ го поддржува штрајкот на новинарите на МПМ

Здружението на новинари на Македонија го поддржува штрајкот на новинарите на трите весника на издавачот Медиа принт Македонија и го повикува менаџментот на компанијата веднаш да ги исполни барањата на штрајкувачкиот одбор за исплата на заостанатите плати и хонорари.

„Ги потсетуваме сопствениците на МПМ дека кршењето на социјалните права на новинарите не е само прекршување на нивните работнички права, туку e и силен удар  врз слободата на медиумите. Ја повикуваме целата новинарска и медиумска заедница да го поддржи штрајкот на новинарите на веснициите Дневник, Утрински и Вест со цел да престане праксата медиумите да служат како средство за
поткусурување заради интересите на сопствениците на медиумите и власта. Нивните политички и економски интереси не смеаат да се прекршат врз грбот на новинарите“, пишува во соопштението од ЗНМ.

ЗНМ силно ги поддржува напорите на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници за изнаоѓање решение за исплата на заостанатите плати и хонорари на новинарите и дописниците.