Од:

Зошто ректорот не го призна избраниот декан на Стоматолошки факултет

Зошто ректорот на УКИМ не го призна изборот на кандидат за декан на Стоматолошкиот факултет со што го прекрши статутот и законот за високо образование ? Дали избраниот декан кој застана зад своите студенти како дел од Професорскиот пленум е неподобен за ректорот? Како се менувал законот за високо образование, а моќта останувала кај мала група на луѓе. Во ПРОЦЕС зборуваат проф.др. Киро Ивановски од Стоматолошкиот факултет и легално избран кандидат за декан и проф.др. Маја Стевановиќ претседателка на Независниот академски синдикат.