Од:

Зврлевски го гони Заев за нелегално финансирање на изборна кампања

Заврши распитот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во Основното јавно обвинителство. Тој во обвинителството се задржа половина час и соопшти дека бил повикан за случај што го отвори Обвинителството за гонење на организиран криминал за незаконско финансирање на изборната кампања за изборите во декември 2016 година.

Денеска на Заев му биле претставени сомневањата кои што ги има обвинителството под раководство на Марко Зврлевски, а во среда одбраната ќе изврши увид во доказите.

„Ни беа презентирани индициите за злоупотреба на изборната кампања во 2016 година. Јасно ни е тоа што ни беше презентирано од страна на обвинителот и договорено е следниот чекор да биде во среда, во 12 часот да направиме увид во доказите за да можеме да ја дадеме нашата одбраната. Тука сме да ја докажеме нашата невиност, почитувајќи ги институциите во нормална законска процедура. Осомничени сме јас, едно лице вработено во администрацијата на СДСМ и правното лице СДСМ. СДСМ има јавно објавен ревизорски изветај и нема никакво сомневање за начинот на кој е водена кампањата“, изјави Заев.

Заев во судот дојде со неговиот адвокат, а освен лидерот на СДСМ денеска во обвинителството не беше повикан друг член од партијата.

Како што изјави Заев, тој е подготвен да ја докаже дека немало никакви изборни измами и дека СДСМ била пример за тоа како треба да се одвива една изборна кампања.

Тој оцени дека секогаш кога Специјалното јавно обвинителство ќе отвори нова истрага, тој е таргет на Марко Зврлевски.