Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

2017 – загубена инвестициска година

0
By Нова ТВ on December 15, 2017 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се остварија “црните“ прогнози на дел од економистите но и на домашните бизнисмени. Зад нас оставаме загубена инвестициска година. Ова веќе го потврдуваат и официјалните статистики – во третиот економски квартал повторно е регистриран негативен тренд на Бруто инвестициите. Во исто време, и мерењата на Народната банка покажаа дека во третото тромесечје има одлив на странски директни инвестиции во вредност од 50,2 милиони евра,пишува неделната економска анализа на Portalb.mk.

Домашните и странските инвестиции, закрепнувањето на вкупната економија, зајакнување на ликвидноста на стопанството, според владините најави, ќе бидат приоритетни прашања на економската агенда во 2018 година. Како тоа ќе се спроведе и оствари?

2018 – пресудна и за домашните и за странските инвеститори …

Стопанството, кое жилаво се бореше со политичката криза, која од акутна се претвори во хронична,  не успеа да го издржи жетокиот притисок на неизвесноста. Според оценките на дел од економистите,  иако  одложено, негативните последици секап испливаа на површина.  Третиот економски квартал заврши со лазечка стапка на економски раст од само 0,2%, а со оглед на резултатите во другите два квартали ( во првиот стагнација 0% а во вториот – 1,3%), веќе е очекувано дека  оваа економска година, според аналитичарите , ќе биде “загубена“.

Податоците од Заводот за статистика покажуваат дека во третото тромесечје Бруто инвестициите оставриле пад од 9,4 %, во вториот квартал тие биле во минус со 18,6% додека првиот економски квартал имало раст од 11,4%.

Негативен тренд забележа и Народната банка. Во третото тромесечје регистрираше одлив на странски директни инвестиции од 50,2 милион евра. И вториот квартал е со негативен предзнак, со одлив на СДИ од 10,8 милиони евра, додека првиот квартал салдото е во позитива со 111,6 милиони евра. Инвестициите, домашни и странски,  според најавите од Владата ќе бидат приоритет во економската 2018 година. Дел од економистите велат дека освен политичката неизвеснст, врз одлуките на странските фирми, годинава, влијание имале и најавите за можни промени на досегашните  политики во однос на странските инвеститорите.

“Најавите дека ќе се преиспитуваат досегашните договори со странските инвеститори, во поглед на предностите и бенефициите кои ги уживаат, уште повеќе ќе ги демотивира потенцијалните нови инвеститори. Веројатно, добар дел од постојните инвеститори размислуваат за селење на капиталот а не за нови инвестиции. Тоа е пред се последица на неизвесноста, правната несигурност и непредвидливоста на економскиот амбиент и клима  во а блиска иднина. Таквиот развој на настаните, во поглед на опаѓачкиот тренд на странските директни инвестиции веројатно ќе  доведе до зголемување и на дефицитот во финансиската сметка“ – вели универзитетскиот професор Семи Бислими.

Ако се направи компаративна анализа на показателите за странски директни инвестиции, речси е веројатно дека оваа 2017 година според салдото на СДИ, ќе биде на ниво од 2012 година, кога странски директни инвестиции изнесуваа 131 милион евра. Токму 2012 година е најслаба година во последните десет години.

Не се оптмистички ниту показателите за учество на странските директни инвестиции во Бруто домашниот производ. Во вториот квартал тој удел е со негативен предзнак -0,5%.

Во период што измина Владата најави дека останува посветена на политики на привлекување на странски инвестиции, но заедно со заголемување на поддршката на домашните бизнис.

Какви потези се направија во периодот што измина …

Позначајни средби со странски финансиери и компании беа остварени на ноемврискиот Самит 16+1 што се оддржа во Будимпешта. Премиерот Зоран Заев оставри средби со Дејвид Танг, претседател на „Хуавеи“ за Централна и Источна Европа и нордиските земји,

“На средбата се разговараше за идните перспективи на соработка помеѓу компанијата Хуавеи и Република Македонија, за идните инвестициони чекори, но и за новите иновации и смарт технологии што ги лансира компанијата. Беше заклучено дека во Македонија се создадени услови за развој на стабилна бизнис клима и поволни услови за нови инвестиции“, информираа од Владата.

Во Будимпешта беше остварена средба и со менаџментот на компанијата „China Energy“. И од таму стаса најава за учество во повеќе проекти, ососбено во енергетиката и транспортот

Еден од првите потпис на договор со странски инвеститор беше ставен на почетокот од овој месец. Се потпиша договор за закуп на градежно земјиште во Слободната економска зона Бунарџик 2 со менаџерот на компанијата Мурат Тиџарет, Ејуп Ѓулсој.

„Мерките од Планот за економски раст се транспарентни и со јасни критериуми за инвеститорите. Направивме симулација на постојните договори коишто ги имаме склучено со компаниите во ТИРЗ и резултатите се охрабрувачки. Сите компании кои работат со успех и се развиваат би биле и подобро поддржани. За таа цел Владата во новиот буџет детерминираше  46% повеќе средства во Програмата за економски развој за поддршка на инвеститорите, а се кратат непродуктивните трошоци за реклами“ – изјави заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања  Кочо Анѓушев.

Според податоците од Влада, досега се оставрени средби, односно е разговарано со 19 нови инвеститори. Токму толку се и активни, односно работат во моментов во  технолошко-индустриските развојни зони во земјава.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.