Повеќе  делови од Скопје утре привремено ќе останат без струја порради технички зафати во електро-мрежата,  соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Без струја од 11:00 до 13:00 часот ќе бидат и корисниците од дел од улица „Питу Гули“, поточно непарните куќни броеви од бр.19 па нагоре во општина Центар. Без  струја ќе се и стопанските објекти од општина Илинден и тоа во  периодот од 08:30 до 14:30.

Од 06:30 до 07:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од дел од населба Љубош во село Батинци, во општина Студеничани.

Без струја од 08:30 до 11:30 часот ќе бидат корисниците од  улица 1 и улица 6 во село Долно Соње, од 09:00 до 11:00 часот корисниците од улица 1 во село Добри Дол и од 12:00 до 14:30 часот корисниците од улица 1 во село Чифлик – Барово, во општина Сопиште