Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев чека сигнал од граѓаните на локалните избори

1
By Нова ТВ on September 12, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 12, 2017 23:34

Премиерот Зоран Заев, вечерва гостуваше во емисијата „Отворено“ на ТВ24. Во првиот дел од емисијата се зборуваше за економски прашања, а во вториот за внатрешна и надворешна политика. Во телевизиското студио присуствуваа и претставници од граѓанскиот сектор, кои на премиерот му поставуваа прашања. Тој при гостувањето, за првпат објави неколку информации.

Зборуваше за доаѓање на компаниите „Фејсбук“ и „Гугл“ во Македонија. Истакна дека разговорите со овие големи компании е заслуга на заложбите на новите советници во Владата.

Изјави и дека Андреј Жерновски ќе стане дел од централната власт и ќе ја повлече својата независна кандидатура за Општина Ценатар.

Заев е самоуверен дека СДСМ ќе добие повеќе општини и повеќе советнички места на локалните избори.

На прашањето од водителот, дали дошол животот во Македонија, Заев рече дека се надева дека слободата веќе се чувствува.

– Дали дојде животот во Македонија е прашање на кое граѓаните треба да одговорат – рече Заев.

Тој на локалните избори чека сигнал од граѓаните дали Владата оди во вистински правец или не.

Според Заев апсењето на Груевски е во рацете на правосудството, а не во Владата и Министерството за внатрешни работи.

Тој би остварил средба со секој кој треба, па и со Груевски поради локалните избори.

Кога од страна на гостите во емисијата беше отворено прашањето за пензиските фондови, Заев рече дека Македонија мора да одвои пола милјада евра за да го надополни пензискиот фонд.

Заев во емисијата ја објасни и ситуацијата со тендерот за Фероинвест.

Според него, тендерот бил расипишан во февруари 2016 година, Анѓушев конкурирал некаде на почетокот на април и сега се осознало дека Фероивест е една од фирмите која конкурирала.

– Владата мора да изгради ставови по ваквите прашања. Јавноста мора да биде информирана. Ајде да видиме во петок што ќе се случи. Нема ништо ново што се случило отако се формира новата Влада, ова е нешто што се случило порано – рече Заев.

Кочо Анѓушев

– Во петок е аукцијата на самиот тендер. Петок е денот кога јавноста ќе следи – потенцираше Заев.

Според него оваа Влада влече сама поуки од минатата.

Активистот Мариглен Демири кој беше еден од гостите кои поставуваа прашања, предочи дека правилата за кандидирање за локалните избори, предоцна се прецизирале.

– Претходно не беше прецизирано дали ќе треба кривични или прекршочни уверенија. Не е фер, два дена пред самиот рок да се менуваат правила – рече Демири.

Демири праша дали премиерот ќе преземе нешто, бидејќи многу иницијативи ја немаат потребната финансиска и логистичка моќ за да се снабдат со потребните уверенија во два дена.

– Никој не треба да биде во подредена или надредена положба. Ќе зборувам уште утре со Министерството за правда – рече Заев.

Демири праша и дали има временска рамка, тим и стратегија како да се реши проблемот со Битола. Според него, загадувањето во Битола е многу големо и има урагански последици.

– Првите чекори во РЕК Битола веќе се преземаат. Поставување на магнетни филтри на оџаците, донација од Јапонија за трајно решавање на филтрите. Тоа не можеме да го решиме ни за една година, но почнуваме со решавање – одговори Заев.

На прашањето за изјавите на српскиот разузнавач Живаљевиќ, Заев не сакаше да коментира за да не ги наруши добрите односи со соседна Србија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026
shortcut
ФОКУС
May 24, 2026

Њујорк Тајмс: САД и Иран постигнаа договор – конечната одлука треба да ја соопштат Трамп и иранскиот врховен лидер

ВЕСТИ May 24, 2026

Соединетите Американски Држави и Иран постигнале договор во принцип за ставање крај на конфликтот на…

Охрид: Македонија го одбележува Денот на сесловенските просветители

May 24, 2026

Белград: 100.000 граѓани на Славија – полицијата се пресметуваше со демонстрантите

May 24, 2026

Прес конференција на Претседателот на СДСМ Венко Филипче – да не се испушти ЕУ шансата

May 21, 2026
ТИКЕР

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.