Пишува Суад Бегановиќ, Прометеј, Босна и Херцеговина
Во западните медиуми алкохолот е тема во две рубрики, а тоа се црната хроника и забавната индустрија. Во Босна и Херцеговина, алкохолот е една од најважните теми за националистичката и десничарска партија „Станке демократске акције“, скратено СДА. Иако алкохолот може да биде политичко оружје и на другите партии, поради фактот што СДА пред да стане клиентелистичка организација преполна со криминални лица, беше верско исламско движење, алкохолот е „аргумент“ со кој лица се обвинувани за повеќе милионски криминал и морално оружје против политичките противници.
Искуството со изборните години најдобро потсетува на важноста на алкохолот како тема во медиумите кои се под директна контрола на СДА и известувачкиот апарат под нејзина контрола. Сосема е доволно било кој политички противник да биде снимен со алкохолен пијалок пред себе на масата и следниот ден, по потреба на изборната кампања, ќе се објави текст за пијанство, па дури и за тежок алкохолизам.
Овие етикети не служат за да ја известат јавноста за политичката работа на поедини политичари, како еден важен критериум, туку важните теми од економска и социјална важност да се заменат со морални ескапади на верски организирани партиски новинари.
Иако алкохолот не е забранет целосно, освен на некои места во градот, едноставно не е паметно да се уживаат алкохолни пијалоци доколку претендирате за јавна функција. Речиси е сигурно дека тоа порано или подоцна ќе стане клучна тема во земјата разрушена од разбојничката приватизација под палката на поедини лица во врвот или блиску до врвот на најсилната бошњачка партија.
Со други зборови, босанските медиуми учествуваат во политичкото уназадување на државата, каде наместо со сериозни теми, етерот се потполнува со кафеански трачеви по најлоши основи. Ситуацијата со времето се насочи кон тоа да биде прво прашање за некој и неговиот личен живот и навики. За поедини политичари е познато што јадат и пијат, а не колку прашања поставиле во Парламентот.
Со времето, политичарите се прилагодуваат на приликите, па никој не пие, уте од времето на Нијаз Дураковиќ, бидејќи не е мудро во несекуларно општество да се отскокнува од посакуваниот теократски модел на општество. Во суштина, дозволено е се, но во потполна анонимност и неважност.
Неодамнешната фотографија на која Путин и Си Џинпинг пијат алкохол е незамислива меѓу босанските политичари. Секако, алкохолот не е позитивна работа, ниту потребна. Конечно, алкохолот меѓу луѓето кои одлучуваат не е најдобра работа. И церемонијата меѓу кинескиот и рускиот претседател е само рутина низ која поминуваат многумина при заминувањето во Кина, па и политичарите од БиХ. Но, нема фотографирање!
Целата суштина е во тоа дека медиумите користат неважни теми, како пиво на фотографија, за да исконструираат негативна слика за поедини јавни личности, иако својата работа можат да ја работат одлично. Исто така, правото на избор се одредува со јавниот линч, па на долги патеки се остварува многу интересна цел „чистење“ на општеството од невкалапени Босанци.
По истиот рецепт е вршена медиумска ликвидација на јавни личности на кои нивниот сопружник е од друга етничка заедница. Постојаното истакнување дека доаѓа од таканаречен мешан брак со времето донесе да нема такви јавни личности во јавноста. Да се тргне во кампања со таков товар подразбира многу тешка трка.
Темата алкохол е особено популарна меѓу службата на ботови. Исто така, тоа е одговорност на порталите кои дозволуваат коментари под своите текстови. Судејќи по јавното мислење во БиХ, измислено од бот службите, најголем проблем во државата е кој пие преку викенд.
*„Проектот е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на медиумските слободи и слободата на говор во Западен Балкан“ имплементиран од Здружението на новинари на Хрватска како дел од Регионалната платформа за застапување на медиусмките слободи и безбедност во Западен Балкан во партнерство со шест организации од регионот (Независното здружение на новинари од Србија, Здружението на новинари од БиХ, Хрватсото здружение на на новинари, Здружението на новинари од Македонија и Унијата на медиумите од Црна Гора”.




