НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Го потпиша Брегзит, па на пат: Првиот човек на Европскиот совет, Шарл Мишел денеска во Скопје

0
By Нова ТВ on January 24, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел денеска ќе престојува во работна посета на Северна Македонија, каде ќе има средби со високи претставници на земјава, на кои се очекува да се разговара за новата методологија на преговарање, како и за текот на реформскиот процес.

Претседателот Стево Пендаровски ќе биде домаќин на првиот човек на Европскиот совет, кој во земјава ќе допатува од Тирана. Пендаровски и Мишел попладнево ќе имаат тет-а-тет средба, а потоа ќе одржат заедничка прес-конференција.

Претседателот на Европскиот совет, пред околу еден месец во интервју за неколку европски весници, оцени дека до мај, кога ќе биде одржан Самитот ЕУ-Балкан во Загреб, треба да биде јасно како ќе изгледа реформата на ЕУ и дали тоа би било формален услов за согласност за Унијата да ги почне преговорите со Северна Македонија и Албанија.

Посетата на првиот човек на Европскиот совет, доаѓа десетина дена откако во Скопје допатува еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување, Оливер Вархеји, кој ја потврди европската перспектива за Западен Балкан и најави дека повторно ќе биде побаран почеток на преговори за Северна Македонија, за што ќе одлучува Советот во март. Вархеји, исто така, потенцираше дека добар сигнал за Европската Унија ќе биде и доколку законот за Јавно обвинителство биде донесен пред распуштањето на Собранието во февруари.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен минатата недела изјави дека овие шест месеци ќе бидат клучни за односите меѓу ЕУ и Западен Балкан и најави дека ЕК до крајот на месецот се очекува да излезе со новата методологија за проширување, но вчера портпаролката на Комисијата, Ана Писонеро ги потврди гласините дека извештајот за новата методологија на преговорите нема да биде објавен на 29 јануари како што се очекуваше.

Писонеро порача дека ЕК никогаш официјално не соопштила дека извештајот ќе се објави на 29 јануари и потврди дека нема да има извештај на тој датум. Очекувањата во дипломатските кругови во Брисел се дека методологијата ќе се објави една недела подоцна, на 5 февруари.

Извештајот за новата преговарачка методологија на ЕУ во процесот на проширување е еден од неформалните услови побарани од страна на Франција, услов кој го поддржуваат и низа други земји членки на ЕУ.

Таа додаде дека во пресрет на состанокот на шефови на држави и влади на ЕУ и Западниот Балкан во Загреб во мај ќе биде објавен и економски инвестициски план за Западниот Балкан чија цел е да се „интензивира присуството“ на ЕУ на Балканот, процес кој ќе им биде од корист на двете страни.

Европски Совет Македонија посета Шарл Мишел
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.