Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска во седиштето на партијата во Тетово се сретна со амбасадорот на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар, при што, како што се вели во партиското сооопштение,  разговарале околу ситуацијата во земјата создадена по настаните од 27 април како и за идните чекори.

Ахмети, велат од ДУИ, повторно ги осуди актите на насилство во Собранието со што ги повтори ставовите на ДУИ дека враќање назад нема.

– По изборот на Претседателот на Собранието, Иванов треба да го предаде мандатот на новото реформско парламентарно мнозинство и потоа да се формира новата влада.

Ахмети му се заблагодарил на амбасадорот Жбогар за големата меѓународна поддршка и истакнал дека политичките лидери во Македонија треба да се грижат за безбедноста и стабилноста на земјата наспорти регионалните и геополитичките напори за дестабилизација.