Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анализа: 2017 – Година на економски порази

0
By Нова ТВ on December 31, 2017 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со длабока неизвесност од политичката криза и голема ранливост на економијата, завршува 2017 година. Стопанството не успеа да ги издржи последиците што ги донесе политиката – вработувањата бавно се реализираа, инвестициските циклуси запреа, а статистиката бележеше лазечки стапки на раст, пишува економската анализа на Portalb.mk.

Во годината што измина новата Влада стави потпис на првиот Буџет, кој ќе се троши во 2018 година. Се слушнаа многу ветувања и најави кои чекаат оставрување. Каква година оставивме зад себе ?

Инвестициите атрофираа, фирмите се бореа за ликвидност …

Формирањето на новиот владин кабинет, тешките политички денови пред и по 27 април, отворени фронтови со соседите, протести на опозицијата, приведувања и апсења за насилствата од крвавиот четврток –  плејада на политички настани донесоа голема неизвесност но во исто време и разврска на политичката сцена. Фокусот кон внатрешно политичката стабилност ја засени економијата. Временскиот период да се испорачаат позначајни позитивни резултати беше прекраток – коментираат економистите што ги анкетираше „Порталб“. Посочуваат дека сега приоритет треба да бидат зацртаните таргети во 2018 година.

„Во текот на 2017 година не беше можно да се очекуваат директни економски подобрувања, временскиот рок за позитивни ефекти беше прекраток, но било каква утка во проекциите за 2018 година, нема да може да се оправда. Проектираниот раст од 3,2% не би требало  да биде воопшто проблем да се постигне, посебно кога тоа ќе се спореди со годината  која е во заминување во која скоро и да немаше конкретни економски активности“ – вели економистот Арбен Халили.

Преку бројки, зад нас оставаме година во која според псоледните достапни податоци, просечната нето плата изнесува 380 евра и таа во споредба со лани, на годишно ниво е зголемена за 2,6 отсто. Во годината што измина 1,6 % од вработените, работеле а не замале плата. Банките регистрираа забавување на кредитирањето кај фирмите, бизнисмените изјавуваа дека се воздржуваат од инвестирање. Овие состојби ги регистрираше и Народната банка од каде соопштија дека на истекот од 2017 година, кредитирањето е со забавено темпо.

„Кредитниот раст продолжи и во третиот квартал од 2017 година со 0,3%, но зголемувањето е побавно во споредба со претходниот квартал за 2,2%. Растот на кредитната активност произлегува од денарските кредити на домаќинствата, при намалена кредитна поддршка за корпоративните клиенти“ –  велат од НБМ.

Последиците се одразија врз економсиот раст. Првиот квартал заврши со стагнација, вториот со пад од 1,3% а третиот квартал испорача симболичен економски раст од 0,2%. Со овие показатели, според економистите, јасно е дека 2017 може да се смета за економски загубена.

„Предвидувањата се дека 2017 година ќе ја завршиме со стапка на раст од 1,5 до 1,7%, што е далеку пониска од проектираната стапка на раст, но сепак е доволно добра за да не влеземе во зона на  стагнација или уште полошо, во рецесија.  Но сметам дека овие стапки на раст нема да бидат резултат на владините мерки, ниту пак резултат на отпорноста на домашната економија да и одолее на политичката криза, туку ќе бидат  резултат на успехот на субјектите од Слободните економски зони. Новосоздадената вредност на компаниите  од ТИРЗ, методолошки влегува, односно учевствува во формирањето на БДП, иако истите имаат поинаков правен статус во однос на другиот дел од домашната економија. Иако немаме прецизни податоци за тоа колку изнесува учеството на новосоздадената вредност на субјектите од ТИРЗ во БДП, веројатноста дека без  нив, ќе се соочевме со состојба на рецесија беше  голема.  Формално ние не сме во фаза на стагнација а можеби и  во рецесија“ – вели универзитетскиот пофесор Семи Бислими.

И покрај сите политичко-економски премрежја во 2017, новиот министер за финансии Драган Тевдовски не отстапува од оптимизмот, сметајќи дека негативните показатели за растот на економијата се привремени, со очекување дека БДП  ќе оствари раст  нешто повисок од 2 отсто.

Досега бројките, барем во делот на инвестициите не навестуваат позначајни промени во последниот економски квартал од 2017, што би влијаело да се смени и вкупната слика за годината што измина. Веќе е извесно дека 2017 година според салдото на СДИ, ќе биде на ниво од 2012 година, кога странските директни инвестиции изнесуваа 131 милион евра. Токму 2012 година е најслаба година во последните десет години. Негативни се и показателите за учество на странските директни инвестиции во Бруто домашниот производ. Во вториот квартал тој удел е со негативен предзнак -0,5%.

Со новите ревидирани прогнози на ММФ, Македонија во споредба со земјите од регионот ќе испорача најниска стапка на раст. Само економијата на Босна и Херцеговина ќе испорача иста стапка на раст како и македонската економија, додека ММФ за Албанија предвидува БДП од 3,7%, за Хрватска 2,9%, за Косово 3,5% и за Србија и Црна Гора по 3 отсто економски раст.

Годинава Меѓународниот монетарен фонд во два наврати ја намали прогнозата за економски раст, најпрово од 3,5% на 3,2% и сега од 3,2% на 2,5%.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.