Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АНАЛИЗА:  Ќе се олеснат ли условите за кредитирање

0
By Нова ТВ on February 12, 2018 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фирмите со воздражана кредитна побарувачка, за граѓаните и натаму потрошувачките и станбените кредити се најатрактивни. Народната банка ја сумираше банкарската 2017 година. Лани, вкупната кредитна изложеност изнесувала 4,8 милијарди евра, пишува анализата на Portalb.mk. Дел од банкарите велат дека со почетокот на 2018 година очекуваат зголемена побарувачка на кредити и од фирмите и од населението, дел од условите за кредитирање ќе олеснат, но главно во делот на провизиите поради интербанкарската конкуренција.

Кредитирање на компании …

Олеснувањето на условите за кредитирање на компаниите ќе продолжи и во првото тромесечје од 2018 година, како продолжение на овој тренд од последниот квартал од 2017 година.  Според оценките на банкарите, најглем удел во олеснувањето има каматната стапка, но дел од условите остануваат непроменети.

“Во однос на останатите услови за кредитирање на 4 корпоративниот сектор, кои се поврзани со големината на заемот или кредитната линија, барањата за обезбедување и достасувањето на заемите, банките и понатаму укажуваат дека тие услови се релативно непроменети“ – соопштуваат од Народната банка, повикувајќи се на резултатите од анкетата спроведена меѓу банкарите.

Клучни фактори од кои зависи  олеснувањето на кредитните услови за компаниите се конкуренцијата, која има изразено и доминантно влијание врз олабавување на условите за кредитирање. Следуваат конкуренција од други банки, конкуренцијата од небанкарскиот сектор и конкуренцијата од пазарното финансирање. Но при кредитирање на фирмите, банките и натаму го задржуваат високиот степен на внимателност, пришто и натаму најзначајни параметри сотануваат финасиската кондиција на фирмите но и перспективата на економската гранка, односно на бизнисот на кој припаѓа компанијата која бара кредити. Така, најголем дел од банкарите изјавиле дека најважни фактори при одбрување кредити се бонитетот и приходите на клиентот, а потоа следуваат квалитетот на инвестицискиот проект, лојалноста кон банката и обезбедувањето.

Дел од банкарите велат дека во периодот што следува очекуваат зголемена побарувачка на кредити од страна на фирмите.

“Ланската 2017 година сеуште беше неизвесна, имаше ризици поради внатрешнополитичката состојба, но полека се чуствува дека состојбата се менува. Во псоледното тромесечје од 2017 година кредитниот пазар се раздвижи. Кај населението константно имаме раст на кредиторањето, но би рекол дека овој тренд се почуствува и кај фирмите. Очекувањата се дека годинава ќе имаме нешто подобри показатели за кредитниот раст кај компаниите, кои во изминатиот период се воздржуваа од инвестициски вложувања„“ велат банкари за “Порталб“.

Според најновите објавени податоци што ја сумираат банкарската 2017 година, вкупната кредитна задолженост на компаниите во банките, на крајот на декември, лани,  изнесува 2,5 милијарди евра и е зголемена  во споредба со декември, 2016 година, кога изнесувала 2,4 милијарди евра.

Кредитирање на граѓани …

Во обид да се стимулира кредитирањето на населението, но и да се справат со конкуренцијата, дел од банките влегоа во процес на позначајно олеснување на кредитните услови за граѓаните. Позначајно олеснување, според оценките на банкарите има за потрошувачките кредтити, кои воедно се и најатрактивни за населението.

“Умерено интензивирање на нето-олеснувањето на условите за кредитирање се забележува кај потрошувачките кредити, како резултат на поголемиот процент на банки коишто се определиле за олеснети кредитни услови. Сепак, поголем дел од банките и натаму упатуваат на непроменети кредитни услови при  одобрување кредити на домаќинствата“ – велат од Народната банка.

Олеснувањето на кредитните услови главно се однесува на делот на провизиите.

“Најголем процент од банките укажуваат на непроменета каматна стапка кај станбените и потрошувачките кредити. Поголемо нето-олеснување во однос на претходната анкета се забележува кај провизиите и кај двата типови на кредити. Кај останатите кредитни услови не се забележани позначителни промени„ – се посочува во новообјавенат анкета на НБМ.

Според банкарите, годинава се очекува да започне со зголемена побарувачка на кредити, пред се на потрошувачките и на станбените кредити, како резултат на поволните перспективи на пазарот за станбена изградба и довербата на потрошувачите, но удел врз зголемената побарувачка имаат и заштедите на домаќинствата. Исто така, зголемен е бројот на банкари кои сметаат дека во првите три месеци од новата 2018 година ќе има делумно олеснување на кредитните условии за станбените и потрошувачките кредити.

На крајот од декември, лани, вкупната кредитна изложеност на банките кон населението изнесувала 2,3 милијарди евра и таа е зголемена во однос на декември, 2016 година кога била на ниво од 2,1 милијарда евра. Сумирано, банкарската 2017 година заврши со раст на кредитирањето во однос на 2016 година, или на крајот на декември кредитиот пласман на банките изнесувал 4 милијарди и 856 милиони евра. Во валутната структура доминираат денерските кердити со удел од 83,7% додека остатокот од 16,2% се девизни кредити. Лани нивото на нефункционални, односно проблематични кредити изнесувало 304,7 милиони евра.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.