Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анализа: Само 3,2% од домаќинствата живеат „лесно или подносливо лесно“

0
By Нова ТВ on January 21, 2019 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Само 15,4% од домаќинствата можат лесно или подносливо лесно да ги задоволат потребите со вкупните месечни приходи, додека сите останати се соочуваат со проблем. Населението во Македонија главно живее од плати од вработеност и од пензии, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk.

Додека податоците на Заводот за статистика покажуваат дека сиромаштијата во Македонија се зголемила на 22,2% во 2017 година, власта најавува пакет мерки со кои цел ќе бидат социјално ранливите категории на граѓани – годинва буџетот за социјални трансфери се искачи на 1,75 милијарди евра.

 Живеачка од социјала, транфери од странство, пензии, плати

Годишниот просек на вкупни раположливи приходи во едно домаќинство во земјава изнесува 6,080 денари, но јазот меѓу првата најсиромашна и последната најбогата група на граѓани е голем. Месечно, просекот на вкупните приходи на едно домаќинство изнесува 507 евра, од нив 59% се остваруваат од плата, 21% се од пензии,13,9% од приходите се од самовработување, а 4% се од социјални транфери.

Но, податоците покажуваат длабоки разлики меѓу првата, најсиромашна категорија на домаќинства и последната категорија на семјства кои, според висината на расположливи приходи се сметаат за најбогати, Така, годишниот просек на расположливи приходи кај најсиромашните домаќинства изнесува скоро 2100 евра или 175 евра месечно. Кај најбогатите семејства, вкупните просечни приходи на годишно ниво изнесуваат 10.900 евра или 908 евра месечно. Поради длабочината на сиромашија, кај овие семејства приходите од социјални трансфери и од приватни транфери се со повисок износ во однос  на богатите домаќинства.

Вкупни приходи                     Најсиромашни домаќинства      Најбогати домаќинства

Приходи од плата                              702 евра                                 7 189 евра

Приходи од пензија                            395 евра                               2 126 евра

Приходи од социјални трансфери    387 евра                            173 евра

Приходи од приватни трансфери     170 евра                             80  евра

За намалување, односно амортизирање на сиромаштијата, власта најави нови економски политики кои се комбинација од мерки за зголемување на социјалната поддршка и стимулирање на нови работи места, со особен таргет на младите невработени лица до 29 години. Со измените во законите со кои е опафатена социјалната и детската заштита, според проценките на Министерството за труд и социјална политика, треба да стартува суштински процес за извлекување на околу 400 илјади граѓани над линијата на сиромаштија.

„Со овие реформи гарантираме подобар живот, намалување на сиромаштијата и еднакви шанси за секое дете, но и активација на невработените на пазарот на труд. Ги повикуваме пратениците да гласаат за социјалната и детската реформа со што ќе покажат дека општеството е зрело за позитивни промени кои ќе значат многу за намалување на детската сиромаштија“, велат од ресорното министерството.

 Според дел од аналитичарите, позитивно се оценуваат најавите за зголемување на социјалната помош, но ваквите политики за амортизирање на сиромаштијата ќе дадат ефект доколку не се преземаат други потези со кои на удар ќе биде животниот стандард.

 „Можеби единственото за поздравување е порастот на буџетските средства за надоместоците во социјалната област во буџетот на Министерството за труд и социјална политика. Но, со оглед на тоа што паралелно планираат да удрат по најсиромашните, спречувајќи ги пензионерите, социјалците и хонорарците преку продавање на пазар да врзуваат крај со крај во месецот, сериозно се поставува прашањето дали промените во даночната политика имаат за цел подобрување на животниот стандард на најсиромашните или прибирање на дополнителни буџетски средства, кои, да, ќе се користат за фрлање трошки и подобрување на имиџот, но и ќе завршуваат во приватни џебови“, вели Здравко Савески од “Левица“.

Според поставените контури, годинава со реформите пристапот до детскиот и образовниот додаток се зголемува за 20 пати, со што детскиот додаток наместо досегашните 3.200 деца, ќе го користат 73.500 деца. Со цел намалување на длабокиот јаз меѓу сиромашните богатите и подобрување на живтниот стандард на граѓаните, премиерот најави дека и годинава ќе се зголеми износот на загарантираната минимална плата.

Стапката на сиромаштија без социјални трансфери во Македонија би изнесувала 40,7%.

 Квалитет на живот

Висината на раположливите приходи во едно домаќинство ги диктира кавалитетот на животот, при што податоците покажуваат дека и оние кои работат или примаат пензија не значи дека се надвор од зоната на преживување, односно сиромаштија.

 „Од сите вработени лица  само 9 % се сиромашни, од сите невработени – 38.7 %, од пензионерите – 7.7 % и од другите неактивни 32.1 % се сиромашни“, наведуваат од Заводот за статистика.

 Според анакета која е спроведена во рамките на истражувањето на државната статистика, дури 47,4% од домаќинствата изјавиле дека тешко или многу тешко можат да ги задоволат животните потреби со вкупните месечни примања, 25,8 % рекле дека тоа го прават со извесни тешкотии а 15,6% од домаќинствата подносливо лесно или лесно можат да ги задоволат потребите со месечните приходи. Графата резревирана за граѓани кои можат „многу лесно“ да ги задоволат потребите е празна за 2017 година.

 Според податоците, во 2017-та година, стапката на сиромашни лица во земјава  изнесуваше 22.2 %. Анализирано по типови домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2017-та година е 20 %. Според најфреквентниот статус на економска активност, стапкатата на сиромашни вработени лица е 9 %, додека стапката на сиромашни пензионери е 7.7 %. Коефициентот на Џини (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите), изнесува 32.5 %.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.