Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АНАЛИЗА: Тркалото на економијата мора да се придвижи-приоритет е 2018

0
By Нова ТВ on September 19, 2017 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Добро е што Владата одлучи да посегне по кратење на непродуктивните буџетски трошења, но сега е потребен комбиниран модел на менџирање на економијата , штедење и трошење што ќе го движи растот, коментираат дел од економистите. Сметаат дека во фокусот мора да останат инвестициите, и домашни и странски. Народната банка неодамна објави дека завршува фазата на стагнација со што економијата почнува да се движи, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk.

Новите податоци за пад на БДП во вториот квартал според економистите испраќаат сигнал дека е потребно винимателно следење на состотојбите.  Годинава, според прогнозите од ребалансираниот Буџет, ќе заврши со раст од 2,2 отсто.

Политики на штедење или на трошење …

Негативната стапка на економски раст од 1,8 во вториот квартал е сигнал дека економијата сеуште е ранлива, но важно е дека по стабилизација на политичката состојба, треба да се очекува позитивен период, коментираат дел од економистите.  Сметаат дека оваа 2017 година, која беше обоена со политичка неизвесност ќе заврши со лазаечка стапка на раст, но сега веќе треба да се мисли и на следната 2018 година.

“Економијата има свој континуитет и таа не зема залет само затоа што сега на власт дошла нова гарнитура. Потребни се политики што ќе ја забрзат економијата. Ги очекуваме. Забавувањето на економијата во првата половина од годината го прави уште понеизвесен евентуалниот залет. Имено прво треба да следи прекинување на негативниот тренд и потоа придвижување на тркалото. Затоа за 2017 година е добро да се намалат очекувањата и да се смири топката, но истовремено позадински да се работи за полетна 2018 година. Дали е ова можно? Со добри и конзистентни решенија  сметам дека е возможно“ – вели за Portalb.mk  економистот Павле Гацов, претседател на здружението на Даночни советници.

Како дел од приоритетите на економските политики, според познавачите треба да бидат инвестициите и одржливоста, односно намалувањето на задолжувањата..

“За шеесетина дена јас мислам дека се успеа и минмално да се намали и јавниот долг, раздолжувањето и очекувам  дека тој процес ќе продолжи и понатаму. Економијата во изминатите години одеше во погрешен правец, сега мислам дека оди во вистински правец“  смета  за Portalb.mk Предраг Трпески продекан на Економски факултет  УКИМ и порачува дека стабилната економија ќе значи и заживување на инвестициската активност.

„Во изминатите години инвестиционата клима во Македонија беше многу нарушена. Иницијативите  за инвестиции  беа многу нарушени. Тука новата Влада треба да обрне внимание повеќе“ вели професорот Трпески.

Неодамна  иако од Народната банка соопштија дека фазата на стагнација, како последица на политичката криза, е завршена, сепак предупредија дека ризици сеуште има.

“По стагнацијата на економската активност во првото тримесечје, високофреквентните показатели за вториот квартал упатуваат на подобрување на состојбата на економијата. Оваа констатација е поддржана од растот на индустриското приоизводство, по неговото намалување во првото тримесечје, забавувањето на падот на градежната активност, како и забрзувањето на растот во трговијата. Сепак, расположливите високофреквентни податоци за второто тримесечје се ограничени, што ја отежнува можноста да се формира прецизна оцена во поглед на динамиката на активноста во овој квартал. Во однос на проектираната патека до крајот на годината, пониските остварувања во првото тримесечје создаваат надолни ризици за проекцијата на БДП од 2,5% за цела 2017 година“ – велат од НБМ,

Според податоците од Заводот за статистика, во јуни во споредба со истиот месец лани, индустриското производство е со раст од 4,0% со што запре трендот во надолна линија. Во првото економско полугодие во споредба со истиот период лани, растот на индустриското производство изнесува 1,2%. Според буџетските прогнози, до крајот на годинава, најголем удел во економскиот раст се очекува да испорачаа градежништвото и трговијата. Според економистите, добро е што и оваа 2017, која потона во политичка криза, сепак ќе заврши со позитивни стапки на раст, но за нивна одржливост пресудни ќе бидат идните владини економски политики.

“Најдобрата опција за менаџирање на буџетските политики а во насока на одржлив раст е микс на штедење и трошење. Тоа значи рационализација на нефункционалните трошења и инсистирање на економска оправданост на најавените инвестиции од една страна и трошење за капитални инвестиции, пред се  изгрдба на патиштата, енергетски објекти, гасификацијата , од друга. Сметам дека ригидните мерки на штедење што би се применувале по секоја цена ќе предизвикаат дисторзии во системот и дека тоа во моментов не е разумна опција“, вели економистот Гацов.

Неодмна, државната статистика објави дека второто тромесечје заврши со негативна стапка на раст од -1,8%. За економистите, овие параметри се очекувани со оглед на тоа што во изминатиот  период се екипираше новата Влада, што резултираше со инвестициска воздржаност.

Со новите буџетски проекции оваа 2017 ќе заврши со раст од од 2,2%,што претставува пониска стапка во однос на првичната проекција од 3,0%. Оваа нова проекција, според Владата,  главно ги одразува ефектите од пролонгирањето на домашната политичка криза врз економијата, во најголем дел како резултат на воздржаноста на приватниот сектор од поголеми инвестициски зафати во изминатите месеци.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.