Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анѓушев: Нова инвестиција во Бунарџик- нема да правиме евтин маркетинг

0
By Нова ТВ on July 15, 2018 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Во Технолошко инудстриската зона кај Скопје утре ќе почне изградбата на производствениот капацитет на американската компанија „Дура“. Станува збор за компанија од автомобилската индустрија, а инвестицијата се проценува на над 30 милиони евра.
Ова го најави вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев одговорајќи на новинарски прашања синоќа во Велес на прослава по повод поканата за членство во НАТО.
– Во последните седум-осум 16 странски инвестиции потпишаа договор за влез во Република Македонија. Она што премиерот го спомна станува збор за „Дура“, којашто во понеделник ќе стави камен темелник во Бунарџик слободната царинска зона. „Дура“ е американска компанија од автомобилската индустрија со над 30 милиони евра инвестиција. Владата нема намера да прави евтин пи-ар од секоја странска инвестиција,таа инвестиција е на инвеститорите. Ние само им помагаме тие да дојдат и ги охрабруваме  со се што можеме како администрација тоа да го направат. Затоа ние не сакаме да сечеме  ленти да фрламе лопат, ние ќе ги поздравиме и ќе им посакаме  многу среќа,но ќе им овозможиме тие да доаѓаат, истакна Анѓушев.
Тој потенцира дека ако во последните седум-осум години во Македонија се направени 20 такви инвестиции, сега за 10 месеци отпочнати се 16 при што, како што рече, не потрошивме пари за маркетинг и се надевам дека граѓаните  ќе можат да ја направат разликата.
Најави, исто така, инвестиции во велешкиот регион. – Мислам дека во Велес ќе има инвестиции макар една и ние интензивно работиме на тоа. Во Велес има невработеност, но таа не е така голема. Ние треба да обезбедиме повеќе работа за младите  кои имаат завршено високо образование во таканаречените акцелератори  преку Фондот за иновации и технолошки развој. За младите  кои тоа успешно го направија  од Владата ќе добијат  грантови и мислам дека тоа е начинот да се оди напред, потенцира Анѓушев.

Во врска со решавање на проблемот со велешката Фабрика за шински возила „Колска“  појасни дека во моментов се работи на обезбедување работа  и плата за сите вработени, но тоа како што рече не е трајно решение.

– Крајното решение е Колска да стане модерна фабрика и ние работиме на тоа. Треба да се има трпение и сега нема да ги кажам решенијата, но мислам дека за шест месеци до една година ќе се реши проблемот со Колска, најави Анѓушев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025
ФОКУС

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

ВЕСТИ November 12, 2025

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица,…

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025
ТИКЕР

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.