Зоран Заев е најомилен политички лидер во земјата, според последната анкета на ИРИ. Најомилен е за 47 отсто, многу е омилен за 25 отсто од граѓаните, делумно омилен за 26 отсто, делумно неомилен за 15 отсто, а неомилен за 25 отсто од граѓаните.

По Заев, на второто место е Никола Груевски. Многу е омилен за 15 отсто, делумно омилен за 17 отсто од граѓаните а неомилен кај 50 отсто. Од него поомилен политички лидер е претседателот Ѓорге Иванов со 21 отсто. Висок рејтинг од 10 отсто ужива Талат Џафери, пред Али Ахмети и Зиадин Села со по 8 отсто и Билал Касами од 6 отсто, но прва на листата на лидерите е Специјалната обвинителка Катица Јанева со 28 отсто.

Политичките партии имаат сличен рејтинг како нивните лидери. СДСМ (48) е многу омилена партија за 22 отсто, делумно омилена за 25 отсто, а ВМРО ДПМНЕ многу омилена за 14 а делумно за 19 отсто. Кај партиите на Албанците, најомилена е Алијансата со вкупно 20 отсто, по неа се ДУИ со 15 отсто и БЕСА со 13 проценти.