Апелацискиот суд во Скопје денеска треба да одлучува по жалбата на поранешниот премиер Никола Груевски за пресудата во случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра.

Вчера судечкиот совет на самиот почеток веднаш ја одложи јавната седница, поради неприсуството на осудениот Груевски и неговите четворица адвокати, кои според претседателката на кривичниот совет Цветанка Перишиќ, го известиле судот дека ќе приствуваат на рочиштето во Кривичниот суд Скопје за предметот на СЈО „Насилство во центар“, во кое Груевски, исто така, е обвинет.

За случајот „Тенк“, експремиерот Никола Груевски доби казна затвор од 2 години, а второобвинетиот Ѓоко Поповски, доби 6,6 години затвор.