Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Арифи: Со еден бронзен коњ помалку во Скопје, ќе се реши проблемот

0
By Нова ТВ on August 3, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 3, 2016 19:38

Еден бронзен коњ помалку на скоскиот плоштад е доволно да се среди целата инфраструктура во Шипковица, изјави градоначалничката на Тетово, Теута Арифи одговарајќи на новинарско прашање за посетата на Груевски во Шипковица и тетовскиот регион.

Пред два дена, дел од граѓаните за време на посетата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во Шипковица, се пожалија дека парите за штетата од поплавите од пред една година, се уште не се исплатени.

Груевски изјави дека Владата исплатила 25 милиони денари на Бирото за судски вештачиња, по што било утврдено дека се потребни уште 8-ипол милиони денари, кои подоцна биле исплатени на општина Тетово.

„Владата ја има извршено обврската, сега останатиот дел треба да се заврши преку општината“, рече Груевски, со што топката ја префрли на општина Тетово.

Теута Арифи пак, денеска ја префрли вината на Владата и рече дека општината ја завршила целата работа.

„Ние нашите обврски ги завршивме. Сега треба да се завршат обврските на Владата. Рековме дека имаме анализа и според нашите предвидувања треба да се инвестираат околу 20 милиони евра. Ова подразбира еден коњ помалку во Скопје и ќе се средат работите“, изјави Теута Арифи, пренесе ТВ21.

Таа јавно побара од Владата да се обезбедат 25 милиони евра за целосна санација на коритото на потокот и оштетената инфраструктура од поплавите.

„Ја направивме општата проценка за целосна санација и превенција од ризици и проектот ќе чини околу 25 милиони евра. Го испративме овој извештај до Владата и ја користам оваа прилика денеска да упатам јавен повик до Владата да ги обезбеди овие средства од заедничкиот државен буџет“, рече денеска Арифи.

Во поплавите во тетовскиот регион лани загинаа шест лица, дваесетина беа повредени и беше причинета голема материјална штета.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Рама во Вашингтон ќе учествува на формирањето на Одборот за мир

February 15, 2026

Ле Монд: Париз формира специјален тим истражители за да ги испита врските на Епстин со француски граѓани

February 15, 2026

Пукање во американски кампус во Јужна Каролина – две лица убиени

February 13, 2026

Курти: Просечна плата во косово од 1.000 евра!

February 13, 2026

Министер во кабинетот на Трамп: Порано шмркав кокаин дури и од тоалетната школка

February 13, 2026
ФОКУС
February 14, 2026

Минхен: САД и Европа се поврзани но партнерството мора да се прилагоди

ВЕСТИ February 14, 2026

Американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека судбините на САД и Европа се „поврзани“, во…

Јотова: Северна Македонија лобира да го заобиколи првиот кластер но да не се лаже дека постои полесен пат до ЕУ

February 14, 2026

Кос: Во следното проширување на ЕУ нема да дозволиме да влезат „Тројански коњи“

February 14, 2026

Левица: Падна една недопирлива – победи јавниот притисок за Цвета Ристовска

February 13, 2026
ТИКЕР

Рама во Вашингтон ќе учествува на формирањето на Одборот за мир

February 15, 2026

Ле Монд: Париз формира специјален тим истражители за да ги испита врските на Епстин со француски граѓани

February 15, 2026

Пукање во американски кампус во Јужна Каролина – две лица убиени

February 13, 2026

Курти: Просечна плата во косово од 1.000 евра!

February 13, 2026

Министер во кабинетот на Трамп: Порано шмркав кокаин дури и од тоалетната школка

February 13, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.