Градоначалникот на Атина Јоргос Каминис од денеска ќе престојува во дводневна посета на Скопје, во текот на која со градоначалникот Петре Шилегов ќе потпише спогодба за соработка меѓу двата града.

Тоа ќе биде втора средба на градоначалниците на Атина и Скопје. Тие првпат се состанаа во главниот град на Грција во почетокот на февруари годинава.

„Време е подобро да се запознаеме“, изјави тогаш Каминис.