Author: Marija Todorovska

Новата бугарска влада соопшти дека одбива да преговара со Македонија за олабавување на условите под кои Скопје може да ги започне преговорите за членство во ЕУ, наведува бриселскиот портал „Еурактив“.

Read More

Сузана Јошевска Атанасовска: Во идеален свет, правото е создадено за да донесе и осигура правда. Правото , просто кажано, е сет на правила на однесување, а правдата е концепт, морален компас за фер третман. Случајот на Фросина е пример за расчекорот меѓу правото и правдата. Секој човек има вродено чувство за правда, па ништо специјално или ексклузиво не чувствувате кога барате правда за прерано и банално одземен млад човечки живот. Правото, или неговата примена, од друга страна, е тешкиот концепт, затоа што правото почива на утврдување објективни и генерални правила и принципи, а се отелотворува во секој случај посебно, идеално,…

Read More

 Апелациониот суд Скопје ја одби како неоснована жалбата на Васил Јованов за претходното дело, а жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје ја уважи и го преиначи во делот на одлуката за кривичната санкција – изречената заводска мерка Упатување во воспитно-поправен дом и се осудува на единствена казна затвор во траење од три години и десет месеци.

Read More

Едвард Џозеф: Сега, овде се наоѓаме во многу чудна ситуација, поради ситуацијата што ја нарекувам Балкански парадокс. Балкански парадокс, зошто е парадокс? Затоа што од руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, Западот е посилен и пообединет. Русија е послаба и поизолирана. А сепак, Балканот е полош. Повеќе влошување. Значи, Западот е посилен, Русија е послаба, но Балканот е во полоша форма. Ова нема смисла. Ова е парадокс. И тоа бара и има објаснување. И вие сте во право, во секоја од овие земји постои оваа турбуленција и неизвесност. Дури и во некои случаи, како што спомнавте, на Косово…

Read More

Во скопската Стара чаршија попладнево беа доделени 15 електрични колички на оние кои имаат потреба од нив, од страна на Здружението на лица со посебни потреби „СОС Вита“. Како што беше појаснето на настанот, станува збор за донација од хумани луѓе.

Read More

Семејството на обвинетиот Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“, денеска изрази сочувство до семејството на Фросина. Тие, заедно со бранителот на Васил, адвокат Сашко Дуковски, на денешната прес-конференција зборуваа за околностите на настанот, нивното длабоко жалење и демантираа повеќе од наводите изнесени во јавноста.

Read More

Во Основниот Кривичен суд Скопје, денеска, продолжи судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски со сведочење на Гоце Трајковски, кој заедно со таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, помагал во потрагата по неа прибавувајќи видео снимки.

Read More

Димитар Николовски: Скопје има проблем и со Софија и со Брисел. Со Софија, затоа што нереално очекуваме дека тие ќе се согласат за некакви промени во рамката па потоа ќе ги убедат и останатите земји од ЕУ. Со Брисел затоа што сакаме да добиеме олеснителни околности и да се промени еден тешко постигнат консензус на ниво на Унијата, т.е. преговарачката рамка. И двете дестинации не покажуваат никаква волја да ги променат своите ставови и поради тоа сме заглавени. Линк

Read More

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека оставката на Владата треба да биде објавена најдоцна за 10 до 12 дена, па рокот за формирање на нова Влада или за нови избори ќе започне на 17 или 18 февруари, пренесува Nova.rs.

Read More